Корпички од Бело Чоколадо

Потребни состојки:

За чоколадни корпички:
150 g бело чоколадо;
50 g маргарин;
квадратни силиконски корпи.
За филот:
150 g мелени бисквити;
1 портокал;
200 g маргарин;
100 g чоколада;
3 жолчки од јајце;
100 g шеќер во прав;
2 ќесички крем.

Подготовка на чоколадни корпички:
Се топи белата чоколада со маргарин на пареа.
Користете четка при нанесување на мешавината на бело чоколадо во силиконски модели и ставете ја во фрижидер за да се зацврстат. По 10 минути уште еднаш повторете ја постапката за да се добие подебел слој на чоколадна кора.
Кога чоколадата е стврдната внимателно одстранетете ги од силиконските модли.

Подготовка на филот:
Нанесуваме сок од портокал врз смелените бисквити.
Потоа ги мешаме со маргаринот.
Во соодветен сад за пареа, се истурат жолчки од јајца со шеќер во прав. Додајте ја чоколадата која претходно сте ја искршиле на парчиња и мешајте додека не се стопи и смесата не се изедначи.
Во оладената мешавина од чоколада, додајте маргарин и кремот и се меша со миксер.

Завршна постапка:
Подготвеното фил се става во шприц за фил или во ќесичка во која претходно сте го исекле врвот и се полнат кошниците со бело чоколадо. Украсете по желба и ставете ги потоа во фрижидер за да можат да се оладат.