Липата како чудотворен напиток

ЛИПАТА лекува настинка, бронхијални тегоби, несоница и нервоза, болки во стомакот и тешко варење. Посебно е добра за предизвикување на потење.

Кога ќе се измеша со камилица и нане, се добува одлична напивка против несоница, напнатост и тешко варење.

За ефикасно смирување на нервозни состојби, добра е мешавина од липа со камилица, валерија и лисја од портокал што се прелива со провриена вода, се остава да стои преку ноќ и потоа се пие.