Сметање на времето

Движењето на Сонцето ,Земјата и Месечината биле отсекогаш основа за сите календари и одредувањето на временските единици.Ротацијата на земјата околу нејзината замислена оска , дефинирало траење на еден ден, кој заради едноставноста на делењето е поделен на 24 часа.

Имено првите часовници биле сончеви , а користеле обичен стап како покажувач на времето. Сенката се движела кружно, следејќи го сончевото движење, а кругот лесно се дели на 24 дела.

Месецот како целина настанал врз основа на т.н. синодички месец , времето потребно за еден циклус на Месечината,т.е. Месечината повторно да дојде во истата фаза. Времето потребно да се случи тоа е 29,53 дена  Во една година има: 29,53 x 12=354,36 такви циклуси, но и 10,64 дена вишок.

Една година е време на една револуција, обиколување на земјата околу Сонцето. Тропската година е назив за астрономската, а не календарската година која трае 365,24 дена.

Заради сите тие нелогичности и децимални броеви, вистинскиот астрономски календар не можел да се користи и морало да се корегира и прилагодува кон цели броеви.

Вистинската реформа на календарот ја направил Јулиј Цезар.

Јулијански календар

До 45 г. п.н.е., календарот, иако базиран на Месечината и сонцето, толку се оддалечил од почетните датуми, што Јулиј Цезар, по препорака на своите астрономи, додал 90 дена со цел датумите да одговараат на годишните времиња.

По реформата на календарот, е воведена година со фиксна  должина од 365 дена и со секоја четврта година престапна со по еден ден  повеќе (366). Со тоа просекот на јулијанската  година изнесувал 365,25 дена, што се поклопувало со траењето на тропската година.

За жал идните римски владетели од непознати причини ја поместиле престапната година секоја терта и со тоа ја нарушиле хармонијата во сметањето на времето.

Дури императорот Август, во 8-ма год. п.н.е. го вратил циклусот од 4 години и јулианскиот календар можел конечно да функционира како што треба.

Грегоријански календар

Се појавил во средниот век како резултат на пресметување на датумот на Велигден.Затоа папата Грегориј  XIII, 1582 година извадил 10 дена од календарот и по 4 Март следел веднаш 15 Март.

Православната црква и понатаму продолжила да го користи Јулијанскиот календар. Тоа е причината за постоење на два Божиќа,  и два Велигдени во денешно време.