Kако до совршена нега на Вашата Коса

Негата на косата е едно најбитните работи кои често треба да ги правиме. За да имаме убава и здрава коса многу е битно редовното подскратување со цел да се избегне оштетување на врвовите.

Многу битно е да се негува оштетената косата со:

– шампони за сите типови на коса;

– маска за коса;

– балсам;

– ампули;

– масни бањи;

– третман со нова и модерна апаратура;

– третман на природна база;

– третман за хидратација;

– трертман за регенерирање.

Најдобар третман се природните маски приготвени во домашни услови на база на: Кокосово масло, чичково масло и маслиново масло. Се нанесуваат на коренот на самата коса со цел да се нахрани длабински влакното.

Секој тип на коса бара посебна нега. Програмата за проблематична коса исто така изобилува со висока палета на производи како што се :

  • програма за против опаѓање на косата во која спаѓаат соодветен шампон, маска, серуми и ампули;
  • програма за отстранување на првутот;
  • програма за контролирање на себумот.

Не треба да заборавиме дека најголем непријател на косата е пресата за коса која ја суши, оштетува косата и доведува до пукање на нејзиното влакно.