Длабока имагинација на внатрешното водство до нашата целовитост

Проф. д-р Стивен Гаљегос

Енергијата е нашиот потенцијал на животот. Колку таа тече послободно низ нас, толку сме поживотни.

Секој човек е уникатен и затоа секој сам треба да го спознае своето уникатно битие. Како човечки суштества преокупирани сме со своето мислење, концепти, со наученото на училиште, и имаме создадено мапа на размислување за светот. Но мапата не е исто што и светот.

Бидејќи како деца не научиле дека е важен “овој свет” а не имагинацијата, уште рано сме ја затвориле вратата на имагинацијата и со тоа сме научиле да се сомневаме во себе. Почнавме да мислиме дека проблемите што ни се наталожиле, внатрешни несвесни сомнежи и стравови, можеме да ги решиме само со мислење . Но искуството покажува дека начинот за да разрешиме и уравнотежиме енергиите, е да поминеме низ сите тие искуствени доживувања.

Ваквото ослободување  и   спознавање, проф. д-р Стивен Гаљегос го постигнува со примена на техника наречена “внатрешно патување”.

Во што се состои оваа техника. На почеток се отпуштаме неколку минути и потоа под водство на учителот си дозволуваме да ни доаѓаа спонтано разни слики на животни, природа, и било што друго. При таквото ослободување на имагинацијата, ќе дознаеме дека нашиот ум милли, но внатрешноста знае.

Откако ќе почнат да ни доаѓаат слики, следен чекор што треба да го направиме е да го прифатиме она што ни се појавува и со него да комуницираме со него. Тоа ќе ни помогне да се отфрли негативната енергија, а да остане само животноста. Важното овде е дека секој сам  ги открива внатреѓните блокади преку слики на животни, симболи, бои и слично. Тие се помошници кои во суштина се енергии. Крајниот ефект на оваа техника е урамнотеѓување на енергиите и зголемување на животноста кај човекот.

Проф.д-р Стивен Гаљегос е психотерапевт од САД, кој етворец на методот на имагинација (внатречно патување). Во САД и повеќе Европски земји одржува семинари за примена на имагинацијата во духовниот развој и психотерапијата.

На 28 и 29 Август 2010 на покана на центарот за Јога и личен развој, одржа дводневен семинар на тема “Враќање во својата изворна целовитост, длабока имагинација со чакрите”.

Заинтересираните за оваа чудесна и многу моќна а едноставна техника можат да се запознаат преку www.yogacentar.org.mk. На големо задоволство  за сите упатени е и информацијата, дека истата техника со голема успешност се применува и кај нас. Весна Алексовска, инструктор по Јога и учител во Јога центарот, со тел. 075-554-586 го стекна своето искуство токму од Проф.д-р Стивен Гаљегос и сеуште после долгото искуство го применува.

Подготви Весна Алексовска