Како да направите вкусни Турски погачици

Состојки:

  • 370 g спелтино брашно (или р’ жано);
  • 1 прашак за шечиво;
  • 1 лажиче морска сол
  • 100 g смрзнат путер;
  • 1 dl маслиново масло;
  • 160 ml ладна вода;
  • 1 белка, плус уште една за премачкување;
  • 1 китка зачини;
  • 40 g козјо сирење или фета.

Подготовка:

Крцкави однатвор, меки одвнатре. Полнењето со сирење е според оригиналната рецептура, но вие слободно можете да си смислите и своја. На пример, со ова тесто одлично оди и шунка, доматен сос, свежа моцарела или ајвар.pogacici

Исечкајте ги ситно зачините. Изрендајте го смрзнатиот путер и уште малку оставете го во замрзнувач да се стегне. Во чинија, ставете ги брашното, солта, прашакот за печиво, зачините, а потоа измешајте, па додајте го путерот. Со дрвена лажица, брзо мешајте за да добиете ранливо песочно тесто. Потоа додајте ги сите останати состојки, освен сирењето. Направете тесто. Ставете го во најлон, а потоа во фрижидер да отстои. Можете и во замрзнувач ако сакате да го скратите времето. Тестото може да го оставите во фрижидер и цела ноќ, ама прашакот за печиво малку ќе го изгуби дејството.

Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусов. Поделете го тестото на осум делови и од секој дел формирајте топче. Притиснете го секое топче со дланките, а потоа со прстите, истенчете го за да оформите круг. Во средината ставете парче сирење (или полнење по ваша желба). Потоа, преклопете го тестото како за панцерота. Со прсти, притиснете ги рабовите за да ги залепите погалките.

Премачкајте ги погачките со белка и ставете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете меѓу 40 или 50 минути на 200 целзиусови степени.