Крцкави Переци

Состојки:

250 g Спелтино брашно;
1 кисело млеко;
0,5 dl вода;
½ кесичка прашак за печиво;
– 1 рамно лажиче морска сол;
3 лажици маслиново масло;
– Семки од тиква.

Подготовка:

Во чинија, измешајте ги брашното, солта и прашакот за печиво. Додајте ги киселото млеко, водата и маслото, па замесете тесто. На набрашнета маса, малку домесете го тестото. Тестото треба да биде меко и мазно. Поделете го на еднакви делови, па од секој дел, со дланките размесете долги ленти. Замотајте ги во форма на переци, па префрлете ги во плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Украсете го секој перек со семки од тиква. Ставете ги во рерна и печете 15 минути на 210 целзиусови степени.