Прекрасни кошнички со туна

Прекрасни кошнички со туна кои ќе ја збогатат вашата хроно исхрана.

Состојки:

За тестото:

  • 200 g ‘ржано брашно
  • ½ прашак за пециво;
  • 1 рамна лажичка морска сол;
  • 2 лажички маслиново масло;
  • 140 ml млака вода.

За филот:

  • 1 главица кромид;
  • 1 чешле лук;
  • 2 лажици маслиново масло;
  • Малку вода;
  • 200 ml доматен сок;
  • ½ конзерва домати;
  • Прстофат сол, оригано, бибер;
  • Конзерва туна;
  • 3 јајца.

Подготовка:

Во чинија ставете брашно, сол, прашак за пециво и добро измешајте. Додајте масло и вода и замесете го  тестото. На набрашнета маса, домесете го тестото. Развлечете го тестото  со оклагија (сукало) и со поширок филџан вадете кругови.

Премачкајте го калапот за мафини со путер, а потоа ставајте ги круговите така што ќе се формираат кошнички. Со прстите, притиснете ги навнатре, а потоа рабовите притиснете ги за калапот.

Кога ќе го наполните калапот, ставетего во рерна за да фатат коричка. Доволни се 10 мин.

За филот, исечкајте ги кромидот и лукот. Ставете ги на маслиново масло да се динстуваат и додајте по малку вода. Кога ќе смекне кромидот, додајте ги доматниот сос, доматите до конзерва, зачините и туната. Оставете се убаво да прокрчка, па тргнете ја смесата од огнот за да се излади. Потоа, изматете ги трите јајца и додајте ги во сосот.

Кога кошничките ќе  фатат коричка (малку потпечени), извадете ги од рерна и наполнете ги со сосот.

Вратете го калапот во рерна и печете уште 10 до 15 минути на 210 целзиусови степени.