Моќта на ѓумбирот при патување и постоперативни зафати

Ѓумбирот ( Zingiber officinale) е едногодишно коренесто растение кое води потекло од јужниот дел на азискиот континент и се одгледува повеќе од 3.000 години наназад. Најголемиот производител на овој егзотичен зачин со беложолтеникава боја е Индија.
Коренот од ѓумбир содржи многу малку калории,во најголем дел е сочинет од јаглехидрати 18 g, протеини 2 g и масти 1 g.
Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.
Сите свои лековити своиства ѓумбирот ги потврдил со неговата употеба кај лугето кој се соочуале со здравствени проблеми,и ублажување на истите со неговата употреба.

Позитивно влијае:

Кога сте под стес, ублажвање на мачнината при патување и за време на бременост, ја подобрува циркулацијата и го намалува ризикот од срцев и мозоченудар, подобро варење на храната и спречува надуеност на стомакот,моќен антиоксиданс,ја подмладува кожата
губење на вишок килограми,зголемување на плодноста , мигренозните проблеми,менструалните грчеви итн.
Кога научниците го испитувале дејството на ѓумбирот го потврдиле позитивното влијание врз човечкиот организам кој бил подобар и од многу други лекови,на пр. за морски болести,мачнини при патување,постоперативни тегоби,утрински мачнини за ралика од
лековите од аптека кои имаат низа негативни појави и индикации.
Првата класична студија на (Daniel Morwerey) открила дека ѓумбирот делува подобро од вообичаениот лек за мачнини –драмамин кој се користи при патување.
Друга студија на 80 морски питомци на немирно море покажале да оние кои земале капсули од ѓумбир –доза која одговара на 1 лажичка свеж ѓумбир биле способни да ја совладаат морската болест од оние кои зимале плацебо.
Истажувачите констатирале дека 75 % ѓумбирот ги смалиле тегобите и повракањето,а заштитното дејство настанало за 25 мин од конзумирањето на ѓумбирот и траело окулу 4 часа.
Оние пациенти кој извршиле оперативни зафати и спречување на тегобите после операција кои настануваат како последица од анестезијата најефикасно решение е ѓумбирот и неговата употреба при вакви состојби. Д-р Боун британски лекар вели,,ѓумбирот може да биде решение,,наместо лековите кој се даваат постоперативно (metoclopramid) и имаат низа негативни ефекти.

Чај од ѓубир

50 g свеж ѓумбир или 1 супена лажица ѓумбир во прав;
200 ml зовриена вода;
Одстојува 10 мин.
Вкусот се обогатува со лимон и мед.
Наздравје!!!


M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска

emilija.spasovska@gmail.com
контакт телефон 078 388 889