Шарена торта со портокали

Состојки за првата кора:

5 јајца;
5 лажици шеќер;
3 лажици брашно;
2 лажици мелени ореви;
3 лажици какао.

Припрема:

Јајцата и шеќерот се матат со миксер и потоа се додава брашното,
оревите и какаото. Се меша се убаво и се става во подмачкан со зејтин
коцкаст плех од шпорет. Се пече на 180 степени и тоа кратко околу 10
минути. Треба да се внимава во печењето да не изгори, затоа што ова е
тенка кора. Откако ќе се испече се вади и треба да се олади но не целосно,
треба да е малку млак за полесно да се обработува.
За тоа време ја спремеме втората кора која сега пак се пече во округло
тавче бр. 28. Значи важно е да се запази обликот на тавчето за печење.

Состојки за втората кора:

5 јајца;
5 лажици шеќер;
3 лажици брашно;
2 лажици ореви.

Припрема:

Исто како во претходното, само што сега нема какао , што значи дека
округлиот пандишпан ќе биде светло жолт.

Состојки за кремот:

1 кесичка желатин;
2 ванилин пудинга;
800 ml млеко;
6 лажици шеќер;
5 портокали.

Припрема на кремот:

Се вари пудингот со млекото и шеќерот. Во друго тенџерче се става
желатинот (претходно кесичката желатин се помешува со 5 лажици ладна
вода да постои 10 минути) , 4 портокали рендани со кора и сок од 1
портокал. Се вари на тивко со редовно мешање и по 4-5 минути во него се
додава ванилин кремот кој претходно сме го направиле. Се меша на
тивкиот огон и се трга да стане млак.
Откако ќе се олади округлиот пандишпан следува следната постапка:
Врз округлата кора се нанесува од кремот и се размачкува по цела
површина.
Коцкастиот пандишпан се сече по должина на ленти колку 5  cm широки.
Се зема една лента и се попрскува со сок од портокал свеж. Лентата се
легнува и врз неа одозгора по должина се става слој од крем кој
претходно треба да е направен и млак. Лентата намачкана со кремот се
става во средината на округлиот пандишпан кој веќе сме го намачкале
со крем, и тоа во исправена положба и се витка како полжав околу себе.
Така се продолжува со сите ленти кои се кафеави. Откако ќе се залепат
сите во кремот меѓу нив овде онде се става сецкан портокал, може и
чоколадо желе и сл.
На крај одозгора пак се премачкува со крем и се украсува со шлаг и
сецкани портокали и било што по желба.