Нега на кожата и како да го спречиме нејзинито стареење

Жените на денешницата се поубави и изгледаат помлади повеќе од било кога досега, можеби изгледаат и понегувано од времето кога биле во своите дваесети години. Се потешко е да ги претпоставиме годините на една убаво одржана жена. Тоа е затоа што технологијата се погрижи да изгледаме долго време млади, па дваесет години можеме да изгледаме како да сме на триесет. Како треба да се негуваме за да имаме ваков совршен изглед?!

Во триесетите години кожата почнува да јагуби својата еластичност и продукцијата на колаген и еластин се намалува, па оттаму кожата го губи и природнот волумен , вклучувајќи го алармот и потребата да го пролонгираме нејзиното стареење. Некои од модерните жени на денешницата немаат против да превземат и малку поголем чекор , што се однесува до подмладување на кожата,  па со помош на пластична хирургија без нож, во која спаѓаат хиалуронските филери и ботокс, како порадикален но сепак веќе секојдневен чекор, си ја поткреваат самодовербата и вложуваат во тоа подолго да изгледаат млади. Сепак сите се согласуваме во едно, а тоа е дека сакаме да изгледаме негувано и свежо секој пат кога ќе се погледнеме во огледало.

Жените во своите дваесети години повеќе внимание обрнуваат на тоа усните да им изгледаат полни , додека пак жените во своите триесети и четириесети го забележуваат падот на назолабијалниот дел од лицето (линиите од коренот на носот до крајот на усните), а тоа е заради падот на тонусот и волуменот на лицето, посебно во делот на образите и очите. Поради падот на тонусот се јавуват и марионентните линии (делот од крајот на усните до брадата). За се ова постои хируршка корекција, но од друга страна постојат и помалку инванзивни третмани кои не подрзабираат игла или пластична корекција, а се практикуваат во салоните за козметика и нега на лицето, па со употреба на концентрирана Хиалуронска киселина, концентриран Колаген, Пептиди, Матриксил , АХА и БХА , Гликолна киселина (која е доста популарна во светот) и сличните третмани значително се подобрува статусот на кожата и видливо се подобрува нејзиниот изглед. Овие третмани се поевтини, но треба почеста употреба за да го постигнеме посакуваниот ефект. Многу важен елемент во негата на лицето е секојдневното чистење, тонирање и хидратирање на кожата како и редовната масажа на лицето и вратот, за зголемување на микроциркулацијата во кожата, со која се забрзува метаболичкиот процес и се забавува стареењето.

Сепак негуваната кожа е многу повидливо млада и свежа отколку онаа која воопшто не се третира, а тоа е веќе огромна грешка, посебно ако се почне со третмани премногу доцна. Третманите за одржување на виталноста и младиот изглед на кожата мора да се започнат веќе во доцните дваесети, за да се спречи раното стареење и да се пролонгира овој процес.

подготви: Маги Медичи Шминкер и Стилист

– Козметички салон Велвет