Функционери, луѓе од бизнис сферата, актери: Френетични аплаузи за  „Бикини Мун“ (ГАЛЕРИЈА)

Во скопското кино „Милениум“, синоќа пред преполна сала се одржа премиерата на новиотфилм на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Бикини Мун“, кој е американско-германска копродукција.
На премиерната проекција присуствуваа бројни актуелни и поранешни функционери, луѓе од бизнис сферата, ценети професори, актери, режисери, продуценти, музичари и новинари.
Пред самата премиера на „Бикини Мун“ беше прикажан петминутниот филм на Манчевски, „Крајот на времето“.