Лековитото дејство на чаевите

Слез

Слезот се користи за лекување на стомачни и цревни заболувања, кашлица, воспаление на грлото и устата, инфекција на очите и затнати дишни патишта.

Анасон

Лекува тешко варење, кашлица, астма, слабост, цревни гасови, тешко дишење, како и тешко
излачување на млеко кај доилките.

Лаворов лист

Лекува настинка, повреди, потење на нозете, ревматизам, цревни и стомачни гасови, појавување на паразити и тепко варење. Млака бања од грст лаворови зрна ќе го отстрани претераното потење на нозете, ќе им даде свежина и ќе ги ослободи до болката предизвикана од умор.

Мајчина душица

Е ароматичен зачин што се употребува многу во кујната, додека неговата употреба за медицински цели е малку запоставена. Сируп против кашлица се подготвува од екстракт од мајчина душичка измешан со мед. Чајот од ова растение со мед е добар за решавање на проблеми со бронхиите. Дејствува антисептично, го запира развојот на микроорганизмите.

Жалфија

Лекува нарушувања на работата на срцето и на нервите, менструални тегоби, воспаление на
устатат и грлото, воспаление на цревата, претерано потење. Против менструални болки ставете 50грама лисја до жалфија во 100 грама ладна вода. Загрејте ја масата, сотавете ја да врие 15 минути и процедете ја. Пијте го чајот три пати неделно во текот на манструацијата.

Ајдучка трева

Ајдучката трева расте самоника. Лековити својства имаат цветовите и лисјата. Најчесто се користи за поттикнување на апетитот, како благо средство за запирање на крвавење (на пр., при хемороиди), како средство против стомачни грчеви, против воспаление на жолчното ќесе, катар на желудникот и на цревата. Облоги се применуваат за смирување на воспаленија.

Црвен кантарион

Црвениот кантарион има слаб, не баш пријатен мирис и многу горчлив вкус. Во официјалната медицина се применува како средство за потикнување на секрецијата, за засилување на работата на желудникот и цревата, за потикнување на апетитот и на варењето. Исто така , ја подобрува крвната слика забрзувајќи го создавањето на цревните крвни зрнца, со што го јакне организмот. Најчесто се користи во составот на разни чајни мешавини, а поретко сам затоа што е многу чувствителен на светлина. Треба да се чува на темно и ладно место.

Шипка

Шипките се лажни плодови од дива ружа, се берат недозреани затоа што тогаш имаат најмногу витамин Ц. Содржат големо количество од споменатиот витамни Ц, витамин П, каротин, витамин Б12, танин, лимонска и јаболкова киселина и многу минерални елементи. Неизосравни се во облик на напивка при настинка, епидемија на грип, против анемија, хиповитаминоза и авитаминоза, за запирање на пролив. Посебно и м се препорачувват на бремените жени и на доилките.

Бозел

Цветот од бозелот содржи многу бројни лековити супстанции поради кои одамна станал еден од омилените народни лекови, ефикасен е како средство за потење, за уринирање, за
искашлување… Во случај на настинка се зема како топла напивка измешан со липа. Лековити се и лисјата и палдовоте на бозелот, но тие поретко се употебуваат.

Глог

Најчесто се користи во народната медицина како чај подготвен од мешавина од лисја и цветови. Дејствува поволно врз срцето, ги шири крвните садови, ја подобрува циркулацијата, го забавува пулсот, го намалува крвниот притисок, ја релаксира мускулатурата на материцата и на цревата, дејствува против несоницата.

Камилица

Ги ублажува болките во стомакот и во мочниот меур. Чајот од камилица помага при настинка. Камилицата има и антисептично дејство, па поради тоа се користи за плакнење на устата, грлото, очите, носот и на помали изгореници.

Лук

Лукот е добар како лек при заболувања на цревата, на крвните садови, при висок крвен притисок, артериосклероза, ревматизам, а помага и за ослободување од паразити (глисти).

Липа

Липовиот чај го забрзува потењето при настинка и ја намалува покачената темпаратура.

Глуварче

Глуварчеот е делотворно при лекување на шеќерната болест, како и на болеста на жолчката и на бубрезите.

Нане

Нането ги смирува нервите, помага при несоница и , ако се пие секојдневно, ги подобрува
изгледоти тенот. Делотворное и за решавање на проблемот со тешкото варење, ја потикнува
работатана органита за варење , ги елиминира гасовите. Има благо антисептичко дејство, го
отстранува непријатниот мирис од устата, ги релаксира мазните мускули.

Чај од коприва

Ги ублажува бронхијалните тегоби и го чисти грлото. Ја потикнува размената на материите во организмот, ја подобрува крвната слика.

Чај од лушпа од боранија

Корисен е за ревматичарите , дијабетичарите и за луѓето со заболен црн дроп.

Чај од брезови лисја

Овој чај е корисен за болните од астма и за бубрежно болни лица.

Рузмарин

Помага при срцеви пречки, ги ублажува отоците на нозете, тешкотоварење, цревните гасови,
слабоста и ревматизмот.

Лаванда

Лавандата е добра против мигрена и за вараќање на доброто расположение. Се користи цветот од лаванда.

Пелин

Пелинот ја намалува болката во стомакот, цревата и црниот дроп.

Линцура

Линцурата помага при стомачни заболувања, при недостиг на апетит, црвенило и сипка на кожата како и при општа слабост.

Папрат

Папратта помага против сите видови глисти.

Жолта лилија

– се користи за подобрување на работата на желудникот.

Пискавец

Пискавецот – желавина се користи против ревматски болки, но само локално.

Лисјата од малини

– се употребуваат како мевлем против егзем и сипка.

Чај од семки од шипки

– дејствува добро при лекувањето на камен во бубрег или во мочниот меур. Исто така, помага при лекувањето на воспалението на зглобовите.

Цветот од јоргован

– е добар против кашлица.

Чај од лисјата од јагоди

– помага при лекувањетона жолтица.

Кората на даб

– е добра против пролив и против внатрешно крварење во цревата. Чајот од оваа кора е
добар како облога за лекување на замрзнати делови од телото.

M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска 

emilija.spasovska@gmail.com

контакт телефон: 078 388 889