Колку ли само денови и ноќи поминав прашувајќи се …

Нема да се согласуваш со сите луѓе што ќе ги сретнеш таму каде што ќе одиме.

Ќе има луѓе кои ќе ти донесат бескрајна среќа. Нема да можеш да го замислиш сопствениот живот без нив. Тие ќе бидат покрај тебе и кога си најсреќна и кога си тажна. Ќе бидат покрај тебе да го прослават твојот најголем успех, но и да ти помогнат при твојот најголем пораз.

Ќе има луѓе кои ќе направат се што е во нивната моќ да те омаловажат и да те турнат во бездната. Што и да направиш, тие ќе те критикуваат и ќе те исмеваат.

Многумина се обидуваат да се борат против таквите луѓе. Можеби и ти ќе го направиш истото. Колку ли само денови и ноќи поминав прашувајќи се зошто некои луѓе неосновано ме мразат. Зошто ме повредуваат кога не сум им направил ништо лошо? Зошто некои луѓе непрестајно сеат омраза околу себе? Зошто толку многу сакаат да ми наштетат?

Никогаш не го пронајдов одговорот.

Најверојатно како и се во тоа место, за да ја видиме навистина светлината, треба да ја почуствуваме темнината на ноќта.

Но во се се крие лекција.

Во човечката природа е да не се согласуваш со некои луѓе, но да се жалиш од другите, тоа е непотребно губење енергија.

Не можеме да ги промениме другите луѓе. Ако сакаш мир, мора да се промениш себеси.

Не, не валам да станеш како нив! Не велам да им се одмаздуваш!

Напротив, ти велам да не правиш ништо! Да не реагираш!

Твојот мир е многу поважен од мислењето на другите.

Запомни, многу поважено е да бидеш добар човек отколку да имаш право!

Но работите не мора секогаш да бидат толку црни. Некогаш конфликтите ќе бидат резултат на тоа што ќе ги гледаш работите такви какви што навистина се.

Затоа, за да бидеш сосем усогласена со нечија туѓа „бранова должина“, не заборавај дека ќе мораш целосно да ги отстраниш своите предрасуди.

Она што јас го гледам со моите очи не е исто со тоа што го гледаш ти со твоите.

Јас и ти имаме два сосем различни погледи на се што не опкружува.

Ако можеш привремено да се дистанцираш од она што го мислиш, од она што си и она што го чувствуваш, ќе можеш вистински да го слушнеш она што е кажано и да посегнеш во длабочините на другото човечко битие.

А тоа е едно од најдобрите чувства што некогаш ќе ги до живееш.

Извадок од книга „Никој не рече дека ќе биде лесно“ од Коста Петров