Дали имате проблем со запек и знаете ли како да ја спречите оваа појава?

Еден од основните елементи на нашето здравје е редовно празнење на цревата т.е добра
динамика на прочистување на цревата или дефекација, но како последица на модерното
живеење, не правилна и не избалансирана исхрана, прескокнување на оброци, ретка или никаква физичка активност, оваа состојба на прочистување изостанува и доведува до запек или опстипација.

Што претставува запекот односно опстипација, а што констипација?

Запекот претставува изостанување на спонтано празнење на цревата. Констипација пак е отежната дефекација или празнење, односно оскудна и тврда столица која ја имате поималку од три пати неделно во период од 3 месеци. Ритамот на нормално празнење на цревата е различен и може да биде од 2 до 3 пати дневно па се до 1 столица неделно, а од овој проблем најчесто страда женската популација и повозрасните лица.

Кои се можните причини за запек?

Не правилна исхрана, не доволно внесување вода и растителни влакна, слаба или никаква
физичка активност, стрес, долги патувања, чести одложувања на дефекација односно празнење на цревата, строги диети, прекумерна употреба на лаксативи како Дијабет, заболување на тироидната жлезда, паркинсонова болест, депресија, карциноми, хормонални пореметувања, бременост, употребата на лекови (најчесто антидепресиви и антиконвулсивни итн). Сето ова допринесува до појава на запек.

Превенција од запек

Самите ние може да си помогнеме да ја отстраниме оваа состојба на телото пред да настанат
посложени проблеми со одложување на истата. Настанувањто на запекот во организмот може да го спречиме доколку во нашиот секојдневен живот воведеме здрави навики во исхраната, а тоа вклучува внесување на повеќе растителни влакна кои се неопходни за здравјето на дигестивниот систем, воедно тие го убрзуваат варењето на храната и ја спречуваат опстипацијата.

Зголемувањето на количеството на растителните влакна во исхраната е лесно достапна бидејќи тие се присути во свежото овошје како јаболко, круша, кајсии, портокали итн; и зеленчукот односно спанаќ, домати, моркови, брокула, карфиол, потоа мешунките, житарките како и сушеното овошје како смокви, сливи и грозје. Дополнителна предност на сето ова е што оваа храна е богата со витамини и минерали содржи ниска калорична вредност и секако во овој период од годината е ефтина и достапна на нашиот пазар. Голема улога за нашето здравје, а особено на спречување на запекот има и пиењето на течности, особено водата коај е неопходна на нашиот организам во летниот период, потоа редовното вежбање и воведување на здрави навики во животниот ритам се клучните елементи за елиминирање на оваа состојба.

Природни лекови за запек

Доколку брзиот начин на живот, но и лошите навики не ни дозволуват да ги примениме сите
погоре наведени превентивни мерки и веќе добиеме запек, потребно е да знаете дека постојат и приодни начини да ја вратите вашата столица во нормала пред да пробате со медикаменти.
Ефикасно отстранување на опстипацијата препорачувам конзумирање на маслоново масло и тоа 2 лажици со 200 ml млака вода секое утро со збогатен вкус со лимон и мед веднаш по станување.
Потоа кефир со ленено семе , или мед со сусам и ленено семе.
Ова се ефикасните природни рецепти за подобрување на состојбата секако и воведување на
здрави навики во однос на исхраната.

M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска
emilija.spasovska@gmail.com
контакт телефон 078 388 889