Не откажувај се !

Не откажувај се !

Таму каде што одиме ќе сретнеш многу луѓе што ќе ти кажат да не се откажуваш.

Во моменти на најголеми порази и предизвици, и ти самата ќе си го повторуваш тоа!

  • Не откажувај се, можеш! Ајде уште малку! Блиску си до целта!

Би сакал да ти кажам дека таму каде што одиме работите се навидум многу едноставни. Но не е така како што изгледа на прв поглед. За жал, неоткажувањето и упорноста не резултираат секогаш со остварена цел и успех.

Најдоброто нешто што можеш некогаш да го направиш за себе е да се откажеш и да почнеш да ја фокусираш енергијата на нешто попаметно. Од една страна е добро никогаш да не се откажуваш, но од друга страна, понекогаш мора да и се препуштиш на Божјата воља.

Тенка е границата меѓу упорноста и тврдоглавоста.

Сега ќе ти кажам како ќе ги разликуваш.

Иако секоја ситуација е различна, обично во ова место постои еден начин кој ни помага да одлучиме дали најдобриот избор е да продолжиме или да престанеме со обидите.

Слушај ме внимателно.

Ако станува збор и за доброто на другите, тогаш никогаш не треба да се откажеш.

Не се откажав ни јас, а бев многу блиску до тоа да поверувам дека моите амбиции и соништа се резултат на мојата тврдоглавост, а не на мојата животна мисија.

Но тогаш те видов тебе.

Сфатив дека не сакам да успеам само затоа што сакав да имам многу пари, да имам најуспешна компанија или да им докажам на другите дека можам. Не. Сакав да успеам затоа што сакав да те поведам на едно место кое за некои постои само во соништата, а за нас е и секогаш ќе биде реалност.

Извадок од книгата: „ Никој не рече дека ќе биде лесно “ на Коста Петров