„Километри“ – новиот хит на Лозано преполн со емоции

Влатко Лозаноски – Лозано, еден од нашите најдобри машки изведувачи, излезе со нов хит „Километри“  и видео спот за истиот.

Песна на која како автори повторно се потпишува братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски.

Како што истакнува Лозано, оваа песна ќе им ги разбуди емоциите на многумина, а посебно на нашите иселеници кои се далеку од татковината.

Слушнете за што станува збор…