Потребни состојки:
- 33 сушени смокви
- 150 гр. кршени ораси
- 150 гр. сецкано желе
- 250 гр. шеќер
- 1 чаша вода
- 1 ванилен шеќер
- 200 гр. маргарин
- 150 гр. мелени ораси
Сувите смоквите се засекуваат малку на врвот за да се извади дршката потоа во истиот отвор се полнат прво со кршените ораси а потоа се додава сецканото желе.
250 гр. Шеќер, 1 чаша вода, 1 ванилин шеќер се става во тенџере сето тоа го вариме на слаб оган околу 5 минути. Потоа се гасне оганот и се одава 500 гр. мелени бисквити и 150 гр. мелени ораси по желба може да се додаде и 1 лаж. Рум или сок од портокал. Целата смеса убаво се меси и од неа се прават 33 топчиња со кои се обликуваат смоквите како бомбица.
33 – те бомбици се валкаат во мелени ораси и се ставаат во фрижидер. Потоа се сечкаат на 4 еднакви дела и така се послужуваат.
Убав апетит!