Љубовен колач со суво овошје

Состојки:

3 јајца;
1 ванилин шеќер;
1 прашак за печиво;
2 шољи шеќер (200 g);
1 шоља млеко (200 ml);
1 шоља путер (200 ml);
3 шољи брашно (200 g);
1 лажичка цимет;
400 g  суво овошје по ваш избор (портокали,  грозје, смокви, ананас, ораси, лешници, бадеми, брусница…);
1 лимон;
1 портокал;
100 g чоколадо; и
цимет за прскање одозгора над колачот.

Подготовка:

Изматете ги 3 белки со миксер во цврста пена, потоа додадете ги жолчките, ванилиниот шеќер, шеќерот, прашакот за печење, млекото, путерот, брашното и една лажичка цимет и потоа пополека измешајте ја смесата со миксер за да се соедини. 

Потоа додатете го исецканото суво овошје.

На крај додајте ја ренданата кора од лимон, портокал и чоколадо, и измешајте со лажица и ставете го во тава за печење или калап, во кој претходно сте ставиле хартија за печење или путер па одозгора сте попрскале со брашно. Ставете го да се пече колачот на температура од 180 Целзиусови степени околу 50-55 минути. (Во зависност од рерната).

Откако Љубовниот колач ќе се испече испрскајте го со цимет или шеќер во прав.