Незаборавен разговор со Ивана Грбич

Од кога се занимаваш со манeкенство?

Со манекенство започнав да се занимавам уште во 2001 година кога добив титула Прва Придружничка Мис на Македонија и од тогаш до денес еве работам во тој “Свет”.

Што работиш во моментов?

Во моментов работам нешто сосема спротивно од манекенството и тоа за две компании: во едната како агент за сметководство а во другата како маркетинг агент за Швајцарија. И во меѓувреме секако му помагам на мојот татко во менаџерскиот сектор во нашата сопствена компанија. Со други зборови јас сум workaholic.

Како е да се работи како модел?

Во секој случај е интересно, запознаваш многу луѓе, се дружиш, понекогаш и патуваш зависно од ангажманот. Но морам да признаам дека во исто време знае да биде и напорно зависно од ангажманот. Се случувало да кога снимам некој спот или реклама, цел ден да бидам надвор на сонце или на ладно на високи потпетици, а да морам да сум насмеана цело тоа време иако не ти доаѓа да си ама… Професионалноста си го прави своето, а и како се вика: ако се сака се се може нели? Тоа е моето мото.

Кога првпат почна да се занимаваш со манекенство, на кој МИС се појави за првпат?

Како што кажав на почетокот прв пат на сцената стапнав за изборот за Мис на Македонија 2001 и ја понесов титулата 1 Придружничка Мис на Македонија и со тоа требаше да ја преставувам нашата земја на Изборот на Мис Европа во Бејрут, Либан.

Чија беше идејата да се појавиш на Избор на убавина?

Хаха искрено да Ви кажам не беше тоа никој од моето семејство како што е тоа случај кај секоја манекенка. Мене ме поттикна една другарка која несекајки низ муабет ми рече ајде те молам дојди утре на еден интересен кастинг и ќе видиш убаво ќе си поминеш. И ете, веднаш влегов во потесниот круг и отидов на натпреварувањето после 1 месец обуки и подготовки.

Како е да се биде една од трите сестри?

Ммммм па сега ќе бидам искрена и ќе испадне како да се фалам ама јас навистина сум среќна што имам уште 2 сестри и сме всушност 3значки не близначки како што и сите не викаат. На почетокот кога почнав со манекенската кариера многу пати и моите сестри иако не сакаа баш добиваа улоги во реклами или спотови само поради мене. Како малечки не облекувале во иста гардероба па сите по улица се вртеле по нас и нормало тоа ни пречело: кога пораснавме рековме нема веќе иста гардероба од причина што мислевме дека на тој начин нема да бидеме толку забележителни помеѓу луѓето, но ете генот и крвта си го прават своето па и ние како еднојајчни близнаци и со различна гардероба и шминка пак сме исти и среќна сум поради тоа. Многу сме поврзани и не можеме една без друга.

 Дали се случило да ве помешаат која која е?

Хахаха да да се случувало многу пати да не помешаат. На  пример сестра ми ќе ја види некој мој другар/другарка и ќе и пријде да се поздрави, а сестра ми некоја од двете ќе го погледне чудно и тој/таа знаат веднаш дека не помешале. Но сепак тоа е смешно на некој начин за нас затоа што веќе сме навикнале на тоа. Во училиште се сеќавам на мерно не испрашуваа во исти час само за да не им направиме некоја дубара. Дури и сега кога одам во училиште да го земам внук ми кој е прво одделение влегувам во школо и мислат дека јас сум всушност неговата мајка а не тетка.

Која е разликата да се работи во почетокот на 2000-та и сега како модел во Македонија?

Па искрајно да Ви кажам во минатото беше прво многу поисплатливо, второ имаше повеќе ангажмани, сега некако се намали и бројот на “случуванки”; да не кажам да бидеш повикан и да го работиш за кое си имал желба да го работиш. Некако времињата а и луѓето се сменија па и не ме чуди што е вака како што е. Јас ете не ги кријам годините ќе си кажам сега во април ќе наполнам 36 години и никогаш во животот не сум вежбала но сепак ете имам витка става а притоа се ама баш се си јадам и тоа највеќе “нездрава брза храна”. Сеуште работам како модел. Еве да кажеме пред некој месец го продолжив договорот како заштитно лице на  Vip One за цел балкан и за во наредните 2 години (од 2016 до 2019). А да ќе аборавев да кажам дека сум заштитно лице и дека го красам сајтот со моите слики на приватната болница за срце на Жан Митрев. Искрено не знам кога ќе престанам да работам како модел иако во мојата кариера имам снимено повеќе од 20 реклами и билборди и 5/6 музички спотови.

Дали добро заработуваат моделите во нашата држава, со споредба со оние надвор?

Ахам па… ако кажам дека не кажам дека не заработуваат добро да не кажам доволно за некои мои колешки можеби ќе звучам себично или препотентно, но јас искрено не работам за се и за секого и за се и сешто. Значи имам свој принцип и свои правила и секако цена. Барем јас не сум на почетокот на кариерата па да се секирам како понатаму и во тој случај да морам да прифаќам се што ќе ми се понуди. Не, а и никогаш не сум била ни алчна како викаат па да за пари работам некој ангажман кој знам дека многу вреди а малку се плаќа за да бидеш дел од него.