ŠećeЯ [Хрватска] – Концерт во Планетариум

ŠećeЯ е соло проект на Тена Рак, млада кантавторка и мулти-инструменталистка од Вараждин, Хрватска. Нашата публика ја памети по нејзиниот матичен тинејџерски бенд Vlasta Popić. По неговото распаѓање, Тена врти нова музичка страница, ги одмора тапаните и ја соголува душата. Нејзиниот деби албум насловен “Varijacije na tugu“ излегува во јуни 2017 година. Ова е прво нејзино претставување во Македонија.
Среда, 4 април, 21 часот. 

Планетариумска проекција: Даниел Анастасов

Билетите се во строго ограничен број и достапни на билетарата на МКЦ по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот). Побрзајте