Велигденското покачување на цените на скопските пазари

И оваа година традицијата за  велигденското покачување на цените на скопските пазари продолжува. За пазарџиите евтино но за граѓаните скапо. Се прават и последните подготовки за дочекување на најголемиот христијански празник Велигден –  граѓаните, растрчани  по намирници за да ја комплетираат  велигденската  трпеза со традиционалните прехранбени производи. Граѓаните велат дека најбитен дел се  јајцата украсени во најразлични бои, но и секако јагнешко, вино и салати. За табла јајца плаќаат од 150 до 180 денари, за килограм јагнешко околу 350 денари, домати од 80 до 100 денари и марула од 20 до 40 денари.  За ваквата состојба граѓаните велат дека покачувањето на цените на домашните тезги стана вообичаена практика за време на големите празници како што се Божик и Велигден. Но велат дека поради големината на  овој христијански празник сепак пазаруваат и покрај зголемените цени.

„За празникот има вообичаено покачување на цените“,
„Има разлика во цените, сега и повеќе се троши“,
„Пред празници има поскапување, но ќе си дозволиме иако е поскапо“, велат анкетираните граѓани.

Трговците пак поделени, дел се правдаат дека цените се прифатливи и нема поскапување, но стандардот е низок. Велат од година во година граѓаните се помалку се на тезгите а се повеќе во маркетите и трговските центри.

„Се е исто, нема поскапувања“,
„Повеќе одат во маркетите, нe се продава нешто“,
„Не е како годините наназад, секој штеди“, велат трговците

За едно  четиричлено семејство да може достоинствено да го преживее месецот потребни се нешто над 32 илјади денари покажува последната пресметка на минималната синдикална кошнишка нешто што е десетина илјади денари повеќе од една просечна плата. Но граѓаните велат дека и покрај ценовниот шок ќе се обидат да ја комплетираат празничната трпеза  бидејќи Велигден, Денот на Воскресението Христово, не е само најголемиот, туку и најстариот христијански празник.