„ Зад маската на патриотизмот “ од Ѓорѓи Спасов

Деновиве, Издавачката куќа „ Слово “ од Скопје, ја објави книгата Зад маската на патриотизмот: анатомија на едена вторитарен режим од професорот, и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов.  Станува збор за книга колумни и есеистички текстови кои претставуваат анализа на феномените на тоталитаризмот воопшто и, посебно, еднавиви секција на тоталитарниот режим кој беше инсталиран во Македонија во годините меѓу 2006 и 2017 година.

Во книгата наоколу 330 страници се поместени анализи на изборните и владините кампањи во период од 2007 до 2017 година, ни идеологијатa нa македонскатa десница, процесот на лустрацијата и политикатa на власта во овој период кон соседните земји.

„Пишувањето колумни“,  вели авторот на оваа книга, „ може лесно да ве претвори во обичен пропагандист, а колумната да ја претвори во пропаганден памфлет. Но, со малку повеќе амбиција ,таа може да биде и еден вид кус расказ, во чие читање, ако има приказ на може подеднакво да се ужива како во убавата книжевност, во која спаѓа и политичката сатира. Од друга страна ,вели тој, тоа е можност запишување на мал политички есеј, кој ги појаснува нештата од страна на нивната помалку видлива димензија“.