СВЕТЛОСТ • Концерт во Планетариум

Среда, 11 април, 21 часот.

СВЕТЛОСТ e музички колектив основанво 2014 година.
Се работи за флексибилен ансамбл, кој основното трио Новковски/Омерагиќ/Спировски го користи како платформа за соработка со повеќе музичари од различни профили. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. На овој концерт ќе настапат со материјал во кој ќе преовладуваат последните три.
Во моментов, паралелно работат на повеќе композиции, од кои најактуелната е во соработка со Филип Букршлиев и Бисера Базер.

Оваа среда ќе настапат во состав:

Нинослав Спировски (кларинет/саксофон)
Кристијан Новковски (удиралки)
Дени Омерагиќ (синтесајзер/електроника)

Планета риумска проекција: Даниел Анастасов

Билетите во строго ограничен број (60) се достапни на билетарата на МКЦ по цена од 150 денари (во претпродажба) и 200 денари (на ден на настанот).