„ Како оние луѓе што постеле да и се вратат на богатата трпеза?“

ОК.РАБОТА и нашиот соработник и нитруционист М -р Емилија Спасовска Мојсовска ви ги честита Велигденските празници и ве советува да внимавате со исхраната.

Во нашето кратко интервју нашиот нутриционист Емилија одговара на прашањето :

„ Како оние луѓе што постеле да и се вратат на богатата трпеза?“

– „Прекинувањето на постот треба да биде постепено и етапно со повеќе мали оброци во текот на денот минимум 5-6 оброка дневно“ – смета Мојсовска – „ Да не се меша храна која ќе го оптерети целиот дигестивен систем и варењето на храната, тоа би резултирало со здравстени проблеми. Ова посебно се однесува на оние кои имаат проблеми со варењето на храната, камен во жолчно кесе и слично. Доколку се одлучите за месо, салатата да биде присутна во изибилие. Доколку се одлучите за јајца тоа да биде заедно со салата може : марула, рукола, краставица, семки од лен, зрнца пченка минимално сол и маслиново масло. Помеѓу главното јадење и десертот да има минимум 2-3 часа.“

Пријатни пазници

Рецепт на денот:

  • 1/2 – интегрален ориз;
  • 1 тиквичка;
  • варена пченка;
  • ракчиња.

Интегралниот  орис се вари. Во меѓувреме се сецка тиквичката на ситни коцки и се запржува заедно со ракчињата со маслинов зејтин. Откога убаво ќе се свари се додава оризот и  зрната пченка. Сето тоа увабо се промешува. Се одава  малку сол, бибер и оригано.

Се служи со бело вино.

M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска
emilija.spasovska@gmail.com
контакт телефон 078 388 889