Светлината доаѓа од темнина

  • Се плашам да не погрешам.

Ова ќе биде најчестата реченица што ќе ја слушнеш.

Иако местото е преполно со можности, токму поради тој страв од правење грешки, луѓето никогаш нема да можат да ја почуствуваат неговата убавина.

Вистина е дека сите ние некогаш сме направиле лош избор. Ќе направиш и ти. човИ тоа нема да значи дека си лош човек. Напротив, тоа значи дека си човек.

Сите грешиме. Сите правиме нешта кои можеби не би требало да ги правиме и се однесуваме како што можеби не сме сакале да се однесуваме.

Но тоа е дел од животот, дел од тоа да се биде вклучен во нешто што е многу вистинско.

Животот е пол со различни замки и негативности, со работи кои мажат да ни го расипат расположението.

Само запомни дека, без разлика на се, светлината не доаѓа од светлина.

Светлината доаѓа од темнина. И најтемниот дел од нашата ноќ е токму пред зората.

И немој никогаш да дозволиш да ти биде незгодно.

Немаш од што да се срамиш.

Секој си има свои мани, како по мера скроени само за него. И сите грешиме.

И јас грешам.

Не потсмевај се. Не сум совршен.

Се гордеам со своите грешки, исто како што треба и ти да се гордееш со нив. Не ми беше лесно да го научам тоа.

Имаше денови кога сакав да контролирам се.

Мојот живот, работата, луѓето и сите работи околу мене. Верувам дека никој не може да ги направи работите така како што умеам јас да ги направам.

  • Сам ќе направам се. Се можам сам. Не ми треба ничија помош.

Колку само сум се лажел себеси!

Таа желба за контрола ме доведе до работ на лудилото. И тогаш дојде моментот кога научив дека нема ништо погрешно во тоа да побараш помош.

Во ред е да ја оставиш самоувереноста настрана и да признаеш дека не знаеш како да продолжиш, дека не знаеш како да ги завршиш работите и дека не знаеш се!

Во ред е некогаш да и се предадеш на ситуацијата.

Некој ќе рече дека така дозволуваш таа да те контролира, но вистината е дека, всушност, дозволуваш да научиш нешто што никогаш претходно не би можел да го научиш.

Човек не може сам да ги направи големите работи во животот. Секогаш ќе му треба нечија помош. Побарај ја и ќе сфатиш дека нашите негативни особини се како грутки јаглен што чекаат да ги претвориме во дијаманти. Така се исполнуваме себеси.

Така навистина дознаваме кои сме и која е нашата вистинска мисија.