Полнети пиперки со компири

Состојки:

  • 15 мали пиперки,
  • 4 компири,
  • 1 морков,
  • 2 домати,
  • 1 главица кромид,
  • 1-2 чешниња лук,
  • 2 лажички изечкан магдонос и целеров лист,
  • 1 лажичка сол,
  • ½ лажичка мелен бибер,
  • 5 лажици зејтин.

Припрема:

Измијте го зеленчукот, пиперките исчистете ги од семки и оставете ги на страна. Излупете ги компирите, морковот и лукот па изрендајте ги, додајте го сецканиот магдонос и целеров лист. Излупете го доматот, па изрендајте го во зеленчукот. Додајте исецкан лук, сол, бибер, 2 лажици зејтин и потоа измешајте за да се соедини. Наполнете ги пиперките со смесата која ја подготвивте, пиперките редете ги во подлабоко тавче или земјена тава, притоа оставајте повеќе место помеѓу нив и 1 лажица зејтин ставете како подлога.

Во сокот што го испуштил зеленчукот изрендајте го преостанатиот домат, додајте ги преостанатите 2 лажици зејтин и сето додајте го во тавчетео, односно прелијте ги пиперките. Овие пиперки не треба да се затвараат. Пиперките покријте ги со хартија за печење, за да се печат убаво. Печете ги на 200° C  околу еден час. Пред крај на печењето треба да ја одстраните хартијата и малку да ја зголемите температурата на рерната за да можат убаво да поруменат пиперките.