19 Април МКЦ настапуваат: Nema Labavo, Khara, High Control, KI, The Planktons

Planktons 19 Април во МКЦ концерти на Nema Labavo / Khara / High Control / KI / The

NEMA LABAVO

Концертна промоција на албумот ,,Во чие име зборите”

KHARA
Khara е најдобриот македонски пост рок бенд, доаѓаат од Куманово, формирани 2014 година, еден од повлијателните пост рок бендови во Источна Европа. Досега имаат издадено едно ЕП, еден албум ”There Were Heroes Amongst Us”, сплит цд и неколку ремикса на песни. Зад себе имаат една балканска турнеја и повеќе од 40 настапи на кои ја делеа бината со бендови како Thievery Corporation (USA), Rosetta (USA), North (USA), Tides From Nebula (PL), Consecration (RS) и многу други. Моментално работат на својот втор албум кој би требало да излезе до крајот на 2018та година.
https://www.facebook.com/khara

HIGH CONTROL
Во периодот од 10 години имаат неколку стотици настапи по клубови и фестивали, 3 студиски албуми, звучат одлично и што е најважно после 10 години ке бидат таму од каде и започнаа.
www.facebook.com/highcontrol/
www.highcontrol.bancamp.com

KI
Ки е македонски електро поп бенд формирани 2016 година од Куманово. Имаат забележливи настапи на Балканот – Demo Fest, North Fest, позитивен концерт Нови Сад, победуваат на 51 Зајечарска гитаријада, победуваат на RMF Фестивал во Ровињ. Бендот има објавено три сингла и воедно работи на својот прв студиски албум. Звучат одлично и ова ке им биде прв настап во Скопје МКЦ.https://www.facebook.com/kioficijalnastranica/

PLANKTONS
Планктонс“ e скопско surf-rock трио, македонски амбасадори за Мексико. На нашата сцена присутни две години , зад себе имаат издадено EP ( extend play ) со наслов “El Plancton” и моментално работат на нивниот прв студиски албум кој ќе биде издаден кон крајот на оваа година. https://www.facebook.com/theplanktons.mk/

Билетите можете да ги набавите на билетарницата во МКЦ или онлајн на mktickets.mk