Застани малку и погледни наоколу

Застани малку и погледни наоколу. Ги гледаш луѓено? Цврсто се фатиле за својата тага, за работите кои не им служат, за врските кои се деструктивни и за чувствата кои ги држат заробени. Повеќето од нив се вистински робови на тие непотребни, негативни чувтва.

Не сваќаат дека се врзан со нештата кои никогаш нема да им дозволат да ја видат светлината и да ја пуштат во нивните животи.

Ако не внимаваш, и тебе ќе ти се случи ова.

Ќе се држиш за својата тага како да е најважното нешто во животот. Ќе има моменти и кога ќе бидеш во врска со некој што ќе ти го крши срцето на милион парчиња. Можеби ќе се мачиш на некое работно место кое не само што ќе те прави несреќна туку и сосем тажна и сосем неважна. И тебе еден ден ќе те заробат овие работи.

Првиот чекор за да се ослободиш од нив е да си признаеш самата себеси дека ти си таа што им дозволуваш на сите овие работи да го контролираат твојот живот.

Повеќето од нас потајно го  знаат тоа, но за жал, како да им недостига храброст да си го признаат тоа.

Се плашиме да не останеме сами. Се плашиме повторно некој да не не повреди. Се плашиме дека нема да најдеме подобра личност со која ќе го промениме животот…

Многумина ќе кажат – има и полошо. Но ти ќе знаеш дека има и подобро.

Кога ќе се најдеш заглавена во овие ситуации, потсети се на една важна работа.

Да напуштиш нешто не е знак на слабост, туку на храброст.

Потребно е многу сила за да задржиш нешто, но уште повеќе за да го пуштиш да си оди од твојот живот.

Пушти ги ! Дозволи сонцето да влезе во твојот живот. Дозволи светлината да те благослови и да ги замени работите што те држат заглавена.

Само така ќе бидеш среќна таму каде што одиме.