Здрави намирници  против остеопороза

Одржувањето на јачината на коските значи заштита од остеопороза т.е. прогресивно слабеење (разредување на коските) .

Најчеста е кај женската популација но се сретнува и кај мажите.После менопаузата,vжените со  голема брзина ја  губат коскената маса при што коските стануваат лесно кршливи посебно  коските на куковите.

Покрај  тоа што е наследниот фактор број еден  за дали ке имате остеопороза или не, друг фактор одговорен за овој ризик за добивање на остеопорозата е и начинот на исхрана  како и недостатокот на физичка активност. За одржување на  здрави коски не е само  важен  калциумот ,научните истражувања  го потврдуваат и внесувањето на други  хранливи состојки кој се важни за  зачувување на  коскената маса. Борот  е минерал кој  во организмот се наога во трагови  но може значајно да  влијае на  спречување на остеопорозата.

Ако не јадете доволно овошје, јаткасти  плодови  вие всушност  не добивате доволно бор а тој недостаток може да го  поремети метаболизмот на калциум при што коските стануваат кревки. Борот го  зголемува нивото на естроген во крвта како и другите состојки кој спречуваат губење на калциумот и деминерализација на коските. Со други  зборови борот  делува како блага замена за, естрогенска терапија. Без бор вашиот организам не може да ја задржи неопходната количина на калциум.

Жените во постменопаузата кој  со храната не внесувале доволно количина на бор биле склони кон губење на калциум и магнезиум минерали кој  ги јакнат коските, но земањето на 3 мг.бор на ден –(количина која лесно се  зема  од храната) губењето на калциум е смален за 40 %. Бор највеке има во овошјето (јаболко, круша, грозје, урми, суво грозје, праски), мешунките, јаткасти кикирики, лешник) но и во медот. За  вашите коски да бидат здрави  пијте  сок од ананас јадете и други намирници богати  со манган бидејки и тој  заедно со  борот има важна улога за коските. Други  извори на манган се овесното брачно,грав,интегрална пченица, спанак.

Употребата на  витаминот  д е од голема улога за спречување на остеопорозата што значи во исхраната  треба се почесто да  биде  вклучена  и  рибата и морските плодови.

И секако  да не се  изостави  физичката активност, која е  од големо значење на   целокупното  здравје. Избегнувајт е  внесување  голема количина на натриум или солена  храна, прекумерно  конзумирање на алкохол и  цигари.

M-р по нутриционизам Емилија Спасовска Мојсовска 

emilija.spasovska@gmail.com

контакт телефон: 078 388 889