Знаеш ли што е најмоќното нешто?

Знаеш ли што е најмоќното нешто таму каде што одиме?

Не, не се парите! Не е ни статусот, ниту пак местото од кое доаѓаш. Тоа би било премногу лесно.

Твоите зборови! Твоите зборови се најмоќното нешто што го поседуваш.

Секојдневно, ти со своите зборови ќе предизвикуваш промена.

Дали таа промена е кон подобро или кон полошо, зависи од тоа дали твоите зборови се позитивни или негативни.

Некогаш овие зборови ќе излезат од твоите усни, но некогаш ќе излезат од твојата потсвест.

Ќе има утра кога првите зборови што ќе ги слушнеш ќе бидат: дека не си доволно добра! Не си доволно убава! Не си доволно успешна! Ќе пропаднеш! Никогаш нема да го добиеш тоа што го сакаш! Не заслужуваш ништо! Не те бива за ништо!

Твојата должност е да го избереш својот внатрешен мир, а не да го слушаш гласот на негативноста.

Затоа, биди внимателна со своите зборови. Тие имаат моќ да создаваат нови реалности. Тие имаат моќ да создаваат нови реалности. Тие имаат моќ да ја создадат твојата реалност.

Таму каде што одиме, ќе сретнеш луѓе што не ја разбираат моќта на зборовите. Луѓе кои го поминуваат животот повторувајќи го зборот „сакам…“ Јас сакам ова. Јас сакам она. Сакам, сакам, сакам! Луѓе кои постојано нешто сакаат, а многу ретко прават нешто за да го добијат тоа. Едноставно не дејствуваат, не можат да го реализираат својот сон.

Тие ќе знаат поинаку.

Што е првото нешто што ти паѓа на  ум за да ја довршиш реченицата: „Јас сакам…“?

Смисли? Добро.

Сега замени го „јас сакам“ со „јас ќе“.

Направи го ова своја лична мантра и оствари го!