Волшебна салата

Состојки:

10 – 11 јајца,
калап за куглоф со пречник 25 cm,
1,4 l јогурт,
6 кесички желатин,
200 g димена шунка или димен врат,
300 g варени моркови,
400 ml мајонез,
6 – 7 кисели краставички.

Припрема:

На почеток исчистете ги морковите и исецкајте ги на коцки. Ставете ги да се варат, не треба да се преварени, околу 20 минутии ќе бидат доволно.

Сварете ги јајцата, варете ги околу 10 минути. Потоа исецкајте ја шумката, краставичките.

Желатинот подгответе го по упатството на ќесичката желатин или одприлика 24 лажици вода на 6 ќесички желатин. Оставете го да набубри десетина минути.

Јогуртот го ставаме да се загрее на млако. За тоа време, на пара го растопуваме желатинот и пополека го додаваме јогуртот и мешаме.

По ова ги додаваме сите состојки и мешаме.

Ја ставаме пола ос смесата во калапат, и ја ставаме во фрижидер да се олади некои половина час. За тоа време остатокот од смесата го оставаме надвор.

Кога малку ќе се стегне, ги редиме јајцата во круг и ги преливаме со остатокот од смесата. Кугловот го враќаме назат во фрижидер да се здрви и олади потполно (неколку часа).
Совет за полесно да ви се извади салатата од модлата, пред да ја ставите смесата ставете фолија.

На крај ќе добите прекрасен венец во шарени бои.