Традицијата продолжува од баба на мајка и сега : Alek Pallada

Кога започнавте да се занимавате со мода?

Јас сум трета генерација во нашата фамилија што ја продолжуба традицијата на дизајнерство, мојата баба е првата која во нашата фамилија го всади дизајнерството и шиењето. Мајка ми веке 32 години се занимава со оваа работа меѓувремено има работено многу налози за многу познати светски брендови во една компанија во нашиот град.

Како дојде до таа идеа?

Тоа тлееше со години да се отвори едно дизајнерско ателје каде што ќе може слободно да ја изразиме нашата креативност изработуваќи сопствени дизајнерски колекции, а воедно да направиме ателје по светските критериуми со тоa што ќе изработуваме модели единствени за секого, дизајнирани и креирани од нас.

Каде се имате школувано?

Како што напоменав погоре изработката на она што го креирам јас е од мојата мајка Снежана Паллада, а идеите се мои. Дизајнерството мене ми е во крвта со тоа што мојата мајка е таа која што е школувана за оваа работа а јас сум онај кој што ги има идеите. За да на крај го добиеме она што го сакаме секогаш ги комбинираме моите идеи со нејзината прекрасна реализација.

Која е инспирацијата за нова колекција „El Suеñо“ со која се претсавивте на модниот викенд во Скопје?

„El Suеñо“ е колекцијата која што во превод значи Сонот е дел од минатото кој што го претопив во сегашноста. Стилот на шпанската кралица Викторија Еугенија од 20-тите години на минатиот век е тоа што ме инспирираше да ја направам „El Suеñо“. Безвремената, необичната и префинетата линија на гардероба која ја носела кралицата беше дел од она што го направивме ние во нашата колекција. Богато, со многу детали но сепак едноставно е она што го претставивме на пистата на модниот викенд во Скопје.

Со кои наши и странски звезди имате соработувано?

Иако нашето атеље е сеуште младо,с епак почнуваме да правиме добри соработки со наши звезди, а веќе сме во преговори за соработка со звезди од балканската естрада.

Кои се вашите цели инспирации кон кои тежнеете?

Да бидеме дел од светската мода, да направам бренд кој што ќе се разликува од сите останати, а воедно да имаме дизајнерски парчиња гардероба кои што ќе им се допаднат и на оние со префинет вкус.

Кажете ни нешто повеќе за вас кој е Алек Палада? Каде се има родено ? Семееен живот?

Роден сум во Прилеп таму и живеам, инаку сум веќе доста време заплеткан во водите на модата и нажалст од толкава голема посветеност некогаш заборавам дека имам приватен живот. Инаку сум неженет сеуште ,што не значи дека нема да се реализирам на тоа поле но сеуште е рано сепак имам 28 години.

Кој стил е модерен во моментот? Што ни препорачувате да носиме оваа пролет /лето сезона?

Искрено мене и се допаѓа овај период на мода бидеќи има доста и што да се носи а сепак да е модерно, сепак сум против кичот но и против парчиња на гардероба кои не се носливи. Ние во македонија имаме дизајнери кои страшно ги почитувам секако и нивниот стил на дизајнирање. Според мене летово ќе се вратат одамна заборавената трева зелена и рубин црвената боја на што сум многу радосен.