КОИ СЕ ПРВИТЕ ЗНАЦИТЕ ЗА АУТИЗМ

Аутизмот не е болест, тоа е состојба. Штом не е болест, не може да се излечи. Состојбата
на овие лица може да се подобри или да регредира.
Причините за настанувањето на ова невролошко нарушување не се со сигурност
дефинирани. Се смета дека аутизмот има генетска основа. Се објаснува повеќе со ретки
мутации, кои може да дадат поголеми и видливи ефекти, или мултипли-мултигенски
интеракции на нормалните гени. Доколку првото дете има аутизам шансите и наредното
дете да ја има оваа состојба се за 25 пати поголеми од шансата кај некој што нема заболен
брат или сестра.
Според истражувањата кај лицата со аутизам причинителите се бараат во правец на
нефункционалност на синапсите, односно попречување на некои синаптички патишта.
Други причинители наведени во литературата кои директно или индирекно влијаат, и кои
ја влошуваат состојбата на аутизмот, се одредени видови храна, заразни болести, тешки
метали, алкохол, пушење, консумирање на недозволени дроги, вакцини и пренатален
стрес.
Симптомите на аутизмот поврзани со процесот на зреење произлегуваат од промените на
различни системи на мозокот. Не е јасно како се појавува аутизмот.
Според докажани податоци утврдено е дека аутизмот е резултат на фактори за развој, кои
што имаат влијание на сите функционални мозочни системи. Се смета и дека аутизмот
всушност влијае само на времетраењето на мозочниот развој, а не на финалниот производ.
Веднаш по раѓањето, кај децата со аутизам мозокот се развива со позабрзано темпо. Затоа
овие деца започнуваат да покажуваат еден развојно нормалерн тек на мозокот. Потоа во
детството нивниот раст е нормален или релативно спор. Прекумерен број на неврони
пројавуваат прекумерна поврзливост во клучните делови од мозокот. Тоа е еден вид на
електро-физиолошките одговори на мозокот на внатрешна или надворешна стимулација.
Оваа појава е поврзана со концентрација, реагирање на звучни и визуелни стимулиации,
забележување на новини, обработување на јазик и лица, како и складирање информации.
Значи, причините за оваа состојба, се насочени кон;
Нарушеното мигрирање на невроните во раниот период од бременост, и истото би резултирало со инфериорност, повлеченост, асоцијалност, затворање во себе и сл. или
• Нарушени центри за стимулирање или спречување.
Сите теории за сознајниот развој кај аутистите се однесуваат на врските помеѓу мозокот и
однесувањето. Тоа може да се воочи преку:
1. Способноста за разбирање на општеството. Аутистите можат да систематизираат, т.е. тие се способни да развијат свои сопствени правила на функционирање во случај на решавање на задача, а да не се во согласност со правилата на другите Аутистичнуиот мозок е дефиниран како мозок на лица кои што подобро систематизираат отколку што се соживуваат и истиот има нарушување кај разбирањето на посложените социјални чувства или кај сфаќањето на ставовите и погледите на другите луѓе.
2. Обработување на несоцијални или општи информации. Се претпоставува дека нефукционалноста на екзекутивните функции е една од причините за појава на несоцијални однесувања. На пример тие се фиксираат само на одредени светлосни реакции, или се адаптираат на одредени звуци. Секоја друга дразба појака од онаа на која е навикнато лицето предизвикува стрес кој се манифестира со затворање на учите или очите. Не се исклучува и можноста за појава на стереотипно однесување и малиот број на интереси.

Рани знаци на аутизам кои сите родители треба да ги знаат

Аутизмот е тема на која сè почесто се зборува во последниве неколку години. не само во нашата земја, туку и во светски рамки. Според податоците на Центарот за контрола на
болестите во САД, денес 1 на 68 деца има некаква форма на ова нарушување, споредено со 1 на 88 деца во 2012 година и 1 на 110 деца во 2010 година.
За да им помогнеме на многу загрижени мајки кои многупати го поставуваат прашањето „Дали моето дете има аутизам?“ ќе посочиме неколку чекори за следење на
развојот во првите месеци од животот .
Процесот на рана детекција и рана дијагностика е многу важен за добивање на правилен и
навремен третман.
Драги родители внимавајте на однесувањето на вашето дете и не резимирајте веднаш ( ако
во некој чекор се пронајдете), дека вашето дете е дел од спектарот. Опсервирајте го
внимателно и за сеј сомнеж контактирајте го докторот или терапевтот. Симптомите се
благи и често се незабележителни во првите месеци од животот.
Чекор 1. Додека е детето во своето креветче, забележете дали реагира на вашето појавување или заминување од просторијата.
Чекор 2. Доколку му се обратите со збор забележете дали ке ве погледне, ке ве примети,
ке покаже некоја емоција.
Чекор 3. Легнете на тепихот на стомак со главата свртена кон главата на детето. Гледајте го во очи и емитирајте ја секоја негова звучна реакција. Пр. АААХХХХ. Забележете дали детето ќе емитира, ке ве погледне, ке покаже емоција(насмевка, плач, радост и сл.)
Чекор 4. Од 7 месец кога ке започне да седи, додека е со некоја негова играчка повикајте
го по име. Забележете дали ке се заврти и ќе реагира на повикот.
Чекор 5. Во друштво со други деца, забележете дали покажува некаква интеракција, или се двои само настрана од децата.
Чекор 6. На силни звуци, сирени или силни светлосни дразби, забележете дали ги затвора ушите или очите.
Чекор 7. Забележете дали се приврзува за една играчка и сака постојано да е со неа.
Чекор 8. На 1,5 година забележете дали се појавуваат некои стереотипи, вртење во место, мавтање со рацете, клатење на столче и сл.
Чекор 9. Ги реди предметите на едно место, но кога мама ке сака да ти тргне детето плаче, вика се валка по земја.
Чекор 10. Сака компјутери, телефони, ТВ и започнува да користи некои странски зборови и постојано повторува исти зборови или фрази..
Чекор 11. Не знае за опасности. Пр. Оди кон пламенот на свеќата што гори сакајќи да го фати.
Според развојните фази на децата и според досега кажаното може да заклучиме дека
симптомите на аутизмот се слабо видливи и често може да делува дека децата нормално
се развиваат до периодот од 18 до 24 месеци, а потоа престануваат да се развиваат или
потполно губат некои од стекнатите вештини.
Во првата година децата знаат да бидат многу социјални, соработливи, дружељубиви, па
уште тогаш е можно да се препознаат некои симптоми на аутизмот и тоа од интеркацијата
со околината.
Во втората година кога настанува експанзија на развојот на детето со видливи моторни и
говорни, социјални и когнитивни вештини, кога поголем дел од децата тогаш почуваат да
ги изговараат првите зборови (кои не мора нужно да бидат правилно изговорени) и
покажуваат со прстот на работите кои го привлекуваат нивното внимание, симптоми на
аутизам се многу повеќе забележителни.
Покрај наведените психолошки манифестации кај овие деца постои можност и од појава
на некои органски проблеми   вклучувајки ги тука и проблемите со празнењето (запек и
диареа) или проблемите со спиењето. Кај некои од нив се јавуваат и проблеми со
глутенот, појава на “мрзливи црева“ и сл.
Аутизмот како состојба влијае на емоциите, комуникацијата и движењата на телото.
Ова нарушување на невролошкиот развој се одликува со намалена способност за
социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст.

Автор: Роберта Митревска