Погледни наоколу. Што ЧУВТВУВАШ? Љубов! Љубов чувствуваш!

И таму каде што одиме ја има во изобилство. Да, ќе сретнеш луѓе кои ќе ти кажат дека љубовта е сурова, дека љубовта боли или дека воопшто не постои. Но ти нема да ги послушаш. Ти ќе знаеш поинаку.

Твојата мисија ќе биде да ги научиш што е љубовта.

Тоа нема да биде воопшто лесно.

Луѓето мислат дека љубовта е нешто што се купува. Чувство кое зависи од ситуацијата. Чувство кое доаѓа и си оди. Нешто што не е константно во нивниот живот и нешто што не зависи од нив. Многупати и ти ќе си мислиш така.

За да почувствуваш навистина љубов кон луѓето околу себе, кон работите и ситуациите и воопшто кон се што те опкружува, најпрвин мораш да ја почувствуваш љубовта во себе. Не само што ќе мора секогаш да се ставаш на прво место туку и ќе знаеш дека, за да сакаш некого и нешто вистински, најпрвин ќе мораш искрено да се сакаш себеси.

И ова е една од најтешките работи што ќе треба да ги направиш.

Ќе има денови кога ќе се мразиш себеси. Ќе ти пречи се што ќе правиш. Очајно ќе трчаш наоколу за да ја пронајдеш љубовта, ќе правиш се и сешто во потрага по неа. А вистината е дека таа никогаш не те напуштила. Таа била секогаш покрај тебе.

Првиот чекор е да почнеш да ги сакаш сите свои доблести, но и мани, без разлика колку и да се лоши, ќе ти помогнат да се преобразиш во личност каква што сакаш да бидеш.

Кога ќе почнеш да ги цениш сите работи во себе, тогаш ќе почнеш да се сакаш себеси.

Освен тоа, ќе мораш да сватиш дека твојата внатрешна љубов што ја чувствуваш кон себе не зависи од никаков надворешен фактор.

Не, нема да ти биде потребна друга личност за да се сакаш или да се почитуваш повеќе. Не нема да ти биде потребна совршена работа, најубава кола, најсовршено патување или најскап одмор. Од овие работи не зависи љубовта во тебе.Тие нудат брза возбуда што дава совршено задоволство,  но востината е дека тоа чувство е краткотрајно. Резултатот од ова чувство е, всушност, несакање. Зашто кога возбудата ќе помине, ќе остане празнина која ќе можеш да ја пополниш единствено со вистинската – твоја внатрешна љубов.

Кога ќе ја пронајдеш љубовта во себе и кон себе, не само што ќе имаш сила да го промениш светот туку ќе ја добиеш и најголемата моќ на светот – можноста да ја споделиш љубовта со некој друг.

Но чекај! Работите таму не се толку едноставни. Љубовта, исто како и среќа, не доаѓа убаво спакувана со голема црвена панделка. Би сакал да е така , но за жал, не е.

Ќе има моменти кога ќе ти биде потребно многу, многу време да ја пронајдеш, зашто најчесто ќе биде скриена на местото каде што го чуваш ѓубрето каде што го оставаш непотребните работи. Несвесно ќе ја оставиш таму и никогаш нема да ти текне да ја побараш токму на тоа место.

Барај ја таму љубовта кога ќе сметаш дека веќе ја немаш за да ја споделиш со личноста бес која нема да можеш да го замислиш својот свет.

Таму ќе те чека таа.

Прекриена со его, неразбирања и навидум нерешливи проблеми. Задушена од твоите очекувања, од неможноста да го пронајдеш позитивното во личноста дали ја заслужуваш.

Пронајди ја . Не оставај ја да скапува таму. Без неа ти никогаш нема да можеш да ја почувствуваш увабината на своето живаање. Убавината на тоа да имаш покрај себе некој што ги прифаќа сите твои доблести и мани исто како што ти ги прифаќаш. Убавината на тоа дека секогаш ќе имаш некој покрај тебе да ти каже дека, без разлика на тоа колку лошо изгледаат работите, всушност, се е во ред. Убавината на тоа да знаеш дека имаш можност да ја споделуваш својата љубов со некој што е подготвен да направи се за тебе.

Нема ништо поубаво од тоа.

Ти и твојата сродна душа, и љубовта која ќе го промени вашиот свет.

Љубовта е таа која те донесе тебе на овој свет.

Кога сакаме некого исполнети сме со љубов кога мрзиме се исполнуваме со омразата.

Затоа сакјте се.