Запознајте ги Рајските Малдиви

Малдиви е островска земја која се состои од 26 атоли во Индискиот Океан, југозападно од Индија и околу 700 км западно од Шри Ланка. 26-те атолски групи на Малдивите содржат во себе 1.192 островчиња, од кои околу 280 се населени – 200 со домашно население и 80 со хотелски комплекси. Со површина од 298 квадратни километри и со 328.500 жители, Малдивите се најмалата и намалубројната земја во Азија.

Како да го поминете времето на Малдиви

Поради прекрасните корални  пејсажи, Малдиви се рангирани како една од најдобрите дестинации за нуркачите во светот. На атолите се изградени бројни туристички комплекси, кои се состојат од ексклузивен хотели. Островите на кои се наоѓаат хотелите обично се со димензии од 800 на 200 метри, составени од песок и корали, со максимална височина од два метри над нивото на морето. Плитката вода на лагуните околу островот служи како природен аквариум и пливачки базен и ги штити гостите од бранови и струи. Зградите во туристичките комплекси се ниски, еднокатни или приземни, и секој хотел има ресторани, бањи, продавници, барови, ноќни-клуб, простории за спортски   активности, и секако обука за  нуркање. Хотелите нудат разни екскурзии и други видови на забава: излет со подморница, со хидроавион, рибарење, лов на сабјарки и др. До хотелските комплекси вообичаено се патува со брзи глисери или со мали авиони.  

Просечна највисока температура на Малдиви е околу 31 целзиус, а најниска околу 25 целзиуси.

Зошто треба да ги посетите Малдиви

Единствената природа, рајските плажи со бел песок, уникатниот подводен свет и одмерениот луксуз, ја прават оваа дестинација идеална и примамлива за секој што сака да ужива во својот одмор. Коралните гребени долж целиот регион се наоѓаат на длабочина од само неколку метри, и во нивната убавина може да се ужива од површината. Мошне интересен е и главниот град Мале кој што ќе ве остави без здив, поради својата специфичност и разновидност во кој што можат да се видат изработувачи на дијаманти, џамијата со златна купола, претседателската резиденција и парламент. Ова е дестинација која треба да се посети барем еднаш во животот.