КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА МУГЕР ФУГЕР ВО МКЦ

Оваа година Мугер Фугер го издаваат својот 10-ти албум на кој има 10 песни и е со наслов „Татко“. По тој повод на Платото на МКЦ на 23.05.2018 ќе има концертна промоција.

Влезот ќе биде слободен.

Сецко Сеад Хаџиќ – гитара, мандочело
Огнен Мангаровски – синтисајзер, пијано ,бас гитара, гитара
Сашо Митревски – гитара
Никола Кузмановски – бас гитара
Огнен Златанов – гитара
Џано Куч – тапани и перкусии
Горан Трајкоски, Ристе Солунчев, Сашко Костов ,Елена Христова, Снежана Стојчевска, Ристе Гоцев, Идриз Амети, Јон Ајдини, Џабир Дерала – вокали
Снимано и миксано во студио „Тра Ла Ла“, продуцент Мите Димовски.
На промоцијата ќе може да се набави албумот „Татко“