Ролат со крем банани – готов додека го сварите кафето

Потребни состојки (за 2 ролата):

2 жолчки;

200 g шеќер;

2 dl млеко;

150 g чоколадо;

250 g маргарин;

250 g бисквити;

8-9 чоколадни банани;

2 кори обланда.

Подготовка:

Жолчките, шеќерот и неколку лажици млеко изматете во пенаста смеса, а потоа додадете го стопеното чоколадо. Остатокот од млекото оставете го да зоврие.

Кога млекото ќе врие, додадете ја смесата од жолчките и варете на тивок оган со постојано мешање. Кремот нема да се згусне како пудинг, но додека се лади, ќе си ја добие густината.

Во оладениот крем додајте ги мелените бисквити и маргаринот кој пенесто ќе го изматите.

Корите од обланда ставете ги на влажна крпа, да омекнат. Премачкајте ги со кремот, па наредете по неколку крем банани на самиот раб.

Заедно со влажната крпа мотајте ги обландите како ролат и оставете ги неколку часа да се оладат.