Се е спремно за породувањето на Кејт Мидлтон

Војвотката од Кембрич, Кејт Мидлтон во моментов е во деветиот месец од својата бременост, цела британска јавност со нетрпение го очекува нејзиното породување.

Главна тема на британците се обложувањата околу полот на бебето, името и точниот датум на раѓањето на третото дете на кралската двојка. Доказ, дека се приближува  тој момент е одлуката на болницата (во која треба да се породи Кејт) да биде затворена за обични посетители до 30 Април, а и пристапот до самата болница веќе е ограничен. Се работи за истата болница Св. Мери во Лондон, во која се родени принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Кралското семејство ќе плати 5.215,00 фунти само за еден ден престој на Кејт во болницата доколку породувањето биде по природен пат, додека за царски-рез семејството ќе мора да издвои 6.745,00 фунти дневно. Дополнително ќе се платат 1.155,00 фунти дневно за делукс услуга.

Принцот Вилијам и Кејт нема да го откријат полот на бебето се до неговото раѓање, но многумина веруваат дека бебето е машко, според некои од изјавите на Вилијам од пред неколку дена.

Според обложувањата на британците можните имиња доколку бебето биде машко се: Фредерик, Џејмс, Артур или Филип. А ако е девојче би се викало: Алис, Мери,  Александра или Викторија.

Што се планира Кејт да понесе со себе во болница.

На многу жени не би им паднало ни на памет.

Кејт Мидлтон си ја спакува торбицата за во породилиштето, според британскиот магазин „ОК“ , Кејт со себе ќе понесе неколку работи од кои и носат среќа.

Во нејзината торба ќе се најде ЦД со музика за опуштање, миризливи свеќи, играчки од нејзите постари деца Прицот Џорџ и Принцезата Шарлот, привезок кој носи среќа и слика од кралицата Елизабета. Освен фотографија со кралицата со себе ќе понесе и слика со своите родители.