Слима, Сент Џулијанс…Медитеранскиот шарм ќе ги опие вашите сетила

Малта е островска држава, со нејзиниот Медитеранскиот шарм ќе ги опие вашите сетила уште од првиот миг.

Преубавите плажи на Медитеранот се идеални за летен одмор. Тука мештаните сеуште се карактеризираат со традиционален дух, од каде произлегува и нивното прочуено гостопримство. Одгледани и растени во витешки манири, секогаш љубено ќе Ве пречекаат и со задоволство ќе Ви препорачаат најдобра плажа, највкусен оброк и најлуда забава.

Валета е главниот град, кој во себе крие цела Крстоносна историја, грандиозни палати, цркви и прекрасни градби кои ќе Ве исполнат со спокој.

Слима е познато туристичко градче кое изобилува со трговски центри, продавници, ресторани и голем избор на сместувачки капацитети. Место од кое ги поврзува главниот град и Ст. Џулианс, поради што е најчест избор на посетителите.

Сент Џулијанс е најмонденското место на островот. Тука се спојуваат старата архитектура со новите луксузни хотели и градат еден магичен спој на убавина. Брегот е карпест но одлучно уреден и достапен за многу активности. Ст. Џулианс е центар на ноќната забава. Во големиот број дискотеки, ноќни клубови и барови за сечиј вкус, ќе запознаете туристи од сите краеви во светот.