Доха бисерот на блискиот исток

Секој има потреба и желба да отидеме на некое необично патување да посети нови предели и краишта. Најдобар момент за тоа се продолжените викенди кога можете да си одвоите малку време за себе и да отидете на волшебно патување, кое ќе го паметите до крајот на животот.
Овој, пат ви го препурачуваме блискиот исток со чудесната Доха.
Дестинација атрактивна во текот на целата година, Доха, главен град на Катар, која  некогаш била мало рибарско село, сега ви  нуди егзодичено доживувањеа, Доха е неоткриено богатство на блискиот исток.


Главен град на најбогатата земја на светот се наоѓа на Арапскиот полуостров, каде брегови ги заплискува топлиот Персиски залив. Кристално бистрите води на Персискиот залив и песочните плажи се идеални за одмарање, уживање на песочните плажа и пливање.
Бројот на жители во градот е нешто повеќе од милион и триста жители. Доха изобилува со природни наоѓалишта на нафта и гас.
Најидеално време за да го посетите овој град е во текот на зимата и пролетта посебно во
месеците Фебруари, Март и Арил, кога е врвот на сезоната.
Туризмот во Доха е во постојан пораст поради модернизацијата и блискоста на Дубаи и Абу Даби.
Вистински рај за туристи кои сакаат шаренило од облакодери.
Центарот на градот Доха се протека по должината на Корниш, со широки и заоблени улици по должината на заливот.

Што треба да посетите во Доха

Музејот на исламската уметност, секако неизоставно е паркот Ал Румаила кој е идеален за семејства со деца. Најпопуларно место во Доха е пазарот Вакиф, лавиринт со улици во кој се наоѓаат гастрономски специјалитети од секаде и каде мириси доаѓаат од сите страни. Пзарот е најпосетен приквечер и во текот на вечерните часови.
Доколку не межете да одолеете на купување, Доха има безброј шопинг центри. Најубав и најатрактивен е Велаџо.
Популарен е и Перла, вештачки остров каде што се гради нова населба во облик на школка, со бисер во средина, наредено со луксузни шопинг центри и модерни солитери и скапи јахти кои се закотвени во марината.
Доха може да се пофали со многубројни културни објекти, вклучувајќи го познатиот Град на образованието, кој како да е од иднината, исто како и Националниот музеј.