„Изгубениот град на Инките“ – Светото место во Перу

Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu) – „стара планина“) е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Градот, а денес археолошки локалитет, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.

Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век покасно. Иако градот и локалитетот биле познати за локалното население, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон локалитетот во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.

Важноста на Мачу Пикчу

Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен Инка стил, со полирани камени ѕидови.

Главни градби во локалитетот се Интихуатана, Храмот на сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артфакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.