Кремаста Рафаело торта

Оваа кремаста Рафаело торта е идеална за љубителите на кокос.

Состојки за тесто/кора:

7 белки;
200 g шеќер во прав;
150 g кокосово брашно;
1/2 кесичка прашак за печиво;

Состојки за кремот:

0,75 l млеко;
7 жолчки;
4 лажици шеќер;
2 кесички пудинг од ванила;
1 лажица густин;
250 g путер или маргарин;
100 g бело чоколадо;
100 g шеќер во прав;
100 g бадеми ;
300-400 ml слатка павлака за шлаг.

Подготовка:

Вклучете ја рерната на 180 степени. Изматете цврст снег од белки па во него додајте го шеќерот во прав и продолжете со матење, па во таа смеса додајте го кокосовото брашно и прашакот за печиво. Добро измешајте ја смесата и ставете ја во калап за торт бр.28 (може и број 26, а ако немате тогаш можете во тавче со големина 36× 23 cm)  кој е обложен со хартија за печење. Ставете да се пече во рерна 40 минути во загреаната рерна.

За кремот одвојте малку млеко од 0,75 l, а сотатокот сварете го. Изматете ги жолчките со 4 лажици шеќер и додајте млеко кое што го оставивме на страна и се заедно измешајте во млекото на шпорет и сварете го кремот. Во жешкиот крем здробете ја белата чоколада и добро промешајте за да се растопи.

Така спремениот крем ставете го во сад кој претходно сте го натополи со малку вода и покријте го со проѕирна фолија. Брзо ќе се олади така. Изматете го путерот со 100 грама шеќер во прав, а потоа додајте ја изладената смеса и матете со миксер се додека не добиете свиленкаст крем.

Водете сметкада кремот и путерот бидат на иста температура за маснотијата да не се згрудва, тогаш на кремот му нема спас.

Сматете го слатката павлака (хопла) во цврст шлаг и одвојте 2-3 лажичи и додајте ги во кремот од пудинг и мешајте. Важно е тоа да го парвите со лажица а не со миксер. Одвојте во една чинија крем за украсување на страничниот дел од тортата, покријте ја со фолија и ставете ја во фрижидер.

Составување на тортата

Тестото извадете го од калапот и одстранете ја хартијата за печење и ставете го на чинија за торта. Потоа повторно го враќаме обрачот од калапот, го ставаме кремот, па посипуваме со бадеми (50 грама) го израмнуваме и нанесуваме шлаг, со шпатула или шприц. Торатата ја ставаме во фрижидер неколку часа за да се стегне и здрви. Кога тортата доволно ќе се олади го вадиме обрачот и странично нанесуваме малку крем од пудингот и ги залепуваме остатокот од бадемите. По желба може да ставите уште бадеми или шлаг.