ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „ДУХ“ ОД ДЕЈАН ДУКОВСКИ

Претставата „Дух“ од Дејан Дуковски, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, во вторник, 24 април, премиерно ќе биде изведена во Македонкиот народен театар.
Главната улога на духот ја толкува Гораст Цветковски, а играат и Никола Ацески, Емил Рубен, Тања Кочовска, Ивица Димитријевиќ, Тина Трпкоска, Оливер Митковски, Матеа Јанковска, Сашко Коцев, Нина Деан, Јордан Симонов и Тони Михајловски.
На денешната прес-конференција режисерот рече дека ова е прва претстава на МНТ поддржана од Министерството за култура за 2018 година, во соработка со „Контрапункт“ и со поддршка од Општина Центар.
Според него, текстот на Дејан Дуковски е поинаков од сè што напишал досега, а можеби и еден од најдобрите. Режисерот истакнал дека оваа претстава ќе се игра долго.