Вера Мештеровиќ – Првата МИС на Македонија

Вера Мештеровиќ , МИС на Македонија 1996 година, 2006 година МИС Хуманост на Балкан Бјути Амбасадор во организација на МИС ЈУ. Прва љубов на Вера е балетот уште од мали нозе тренира балет, а подоцна се посветува на Фолклорот. На 17 годишна возраст се пријавува случајно на изборот за МИС на Македонија на којшто победува. Вера е првата Македонка која што не има претставувано на меѓународен натпервар за убавина МИС НА СВЕТОТ по осамостојувањето на Република Македонија. Оттогаш нејзина љубов се модата и манекенството. „ Секој сака убавина кој не сака. Сите некако ја сакаме таа убавина“, вели Вера со насмевка на лицето.

Како ја одржувате витката става? Дали применувате некој посебен режим на исхрана?

– Се трудам здраво да се хранам, во сите оброци во текот на денот мора да има : овошје и зеленчук. Редовно пред Велигден постам, класични диети никогаш не сум практикувала. Добрата фигура ја одржувам со спортување вежбам фитнес или аеробик.

Како го намалувате процесот на стареење? Како го оджувате вашето лице и кожа?

– Користам природни препарати за лице гел и тоник, задолжително користам ноќна и
дневна крема. Редовно си правам природни маски за лице, во домашни услови. Редовно посетувам козметичар, правам различни третмани на лице, така го одржувам свежиот изглед.

Што прави во моментот Вера Мештеровиќ?

– Вера Мештеровиќ е ексклузивен промотор и манаџер на козметиката Clarissa, брендот чии почетоци се врзуваат за Рим уште од 1975 година, а е резултат на еволуцијата и технолошкиот прогрес на првата семејна компанија. Покрај брендираните, високо квалитетни козметички производи, во својата програма ја вклучува и Академијата и тренинг центарот за професионално изучување на сите тајни на маникирот и целата процедура на нега и убавина на нокти.

Како ја одржувате вашата коса, дали имате некој совет за нашите читатели?

– Користам природни маски за коса направени во домашни услови, и редовно ја
потскратувам на врвовите.

 Дали беше тешко враќањето на големите порти? Зашто толкава пауза?

– Не, беше тешко. Никогаш не престанав да работам само тоа беше во пасивна форма.
Мајчинството и домашните работи си го направи своето, затоа ме имаше помалку,
снимав реклами  со поспор интезитет од  денес. Спонтано некако се вратив со тоа што
добив работа како промотер и ПИР на Клариса.

Каква е модната сцена денес во Македонија (нешто повеќе за креаторите, модните студија и манекенките). Која е разлика да се работи во 90 – тите и денес? Дали е полесно, или потешко?

– Денес многу полесно, различно е. Порано немаше никакви агенции се беше непрофесинално. Сега е попрофесионално отколку порано и поорганизирано. Сега има повеќе модни агенции, а и со поголемата употреба на интернетот тоа некако е многу полесно.

Какво образование има Верица?

– Средно Корчагин, факултет Царина Охрид.

Како дојде до идеата Вера да се пријави на МИС на Македонија 1996 г. , чија беше идејата, како се случи тоа?

– Мајка ми ме пријави додека јас бев во Франција на турнеа со играорна, и наеднаш ми се јави една другарка и ми кажа дека сум излегла во весник за натпревар на убавина. Јас бев првата МИС МАКЕДОНИЈА која наспати на еден тавов сериозен настан како што е  МИС НА СВЕТ по осамостојувањето на Република Македонија. Задоволството беше големо да се настапува на еден толку голем и сериозен настан како што е МИС на СВЕТ во Индија прво пристигнавме во ЊуДелхи , потоа прошетавме по Сеишелските Острови а главното финале се одржа во  Бангалор.

Да не бевте манекенка денес, што ќе бевте? Со што друго сакавте да се занимавате во животот?

– Маркетинг агент.

Дали сте задоволна со себе. Дали се сметате за среќна и остварена жена?

– Да комплетно.

Што ја инспирира Вера Мештеровиќ?

– Моја најголема и единствена инспирација се моите деца. Децата ми даваат енергија, љубов среќа. Секој ден се будиме со песна  и смеа. Андреј има 8 а Јована 6, Андреј го сака фудбалот тренира, додека Јована одбојка. Нивната енергија, позитивност, топлина ме прават среќна и горда мајка. Покрај нив не можеш а да не си инспириран и среќен. Уживам во улогата на мајка, сакам да готвам често се собираат кај нас дома другарчиња на Андреј тој тогаш знае да ми каже „Мамо, ај направини пуканки, палачинки итн…“.