Ексклузивно: Правна битка или грабеж на наследството на Есма

Ни осумнаесет месеци не минаа од смртта на нашата и светски познатата Кралица на ромската музика Есма Реџепова, а веќе анонимни угостители, роднини од 50 „колено“ и нејзини „верни“ пријатели преку медиумите се пофалија дека ќе донирале кеш за да се изградел, наводно, руинираниот гроб на оваа македонска примадона, пишува порталот Судство.мк.

Но, дел од овие „загрижени” и ним слични пријатели преку одредени медиуми тврдат дека се и законски наследници на сѐ што остави зад себе покојната Есма Реџепова. За жал, или пак обидувајќи се да глумат наивност, тие не знаат дека таа додека беше жива и здрава, според македонските законски прописи има направено тестаменти во кој е наведено детално кому што се му остава во наследство.

Притоа, таа остава аманет дека кога ќе почине да не биде погребана според муслиманските обичаи. Сепак, спротивно на нејзината последна желба, одредени лица, кои тврделе дека и се „најблиски“ роднини, токму спротивно на желбата на Есма, ја погребаа како ортодоксен муслиман. Тие ја искористиле и ненадејната смрт на една скопска нотарка, која починала во ист ден кога и Есма, а која ги имала на чување тестаментите на Есма во нејзината нотарска канцеларија. Од тука почнуваат и недоразбирањата и разграбувањето со оставштината на Есма и Стево.

Безмалку осумнаесет месеци им требаше на македонските државни власти, пред се мислејќи се на претходната министерка Елизабета Канческа-Милевска и сегашниот нејзин колега Роберт Алаѓозов (министри за култура) да се сетат дека сѐ, што стекнаа Есма и Стево го оставија на дар да го има не некој поединец, туку на државата Македонија, која од нивниот дом требаше да направи музеј и меморијален центар за нивното дело и македонската и ромската музика.

И додека државните власти се сетија, речиси сѐ од седиштата на изградениот Музеј и на Фондацијата Есма и Стево Теодосиевски на скопско Кале, преку ноќ, се се искрали. Накратко, украдено е сѐ од куќата некогаш вредна 3 милиони евра. Украдени се дури и штекери, радијатори и вц шољи, што потсетува на кражбата на војската на ЈНА кога се селеше од просторите на Македонија.

Битката за спас на сѐ она што остана од Есма и Стево сега ја бијат Симеон Атанасов, еден од 47 посвоени деца на брачната двојка и Фондацијата Есма и Стево Теодосиевски, кој согласно тестаментот на Есма, е наслендник на авторските права од музиката на Есма, а фондацијата согласно тестаментите треба да се грижи за имотот за да стане меморијален  и културен центар . Со Фондацијата и пред и по смртта на Есма, успешно раководи Г-ѓа Зорана Костовска, долгогодишна пријателка и соработничка на Есма. Симеон е родум од Кочани. Има 42 години, семеен човек, целосно посветен на својот животен сон-музиката. Тој е еден и единствениот од сите 47 неформално посвоени деца од страна на Есма Реџепова и Стево Теодосиевски, кој од 1984 па се до кобниот 11.12.2016 катадневно бил со својата примајка Есма Реџепова-Теодосиевска, која по кратко и тешко боледување на 73-годишна возраст почина во Скопје.

Примајка ми Есма цел свет ја знаеше како Кралица на ромската музика. Таа беше нашиот музички амбасадор. Низ светот уште беше нарекувана и примадона на европското пеење. Ни во најлош сон не можев да претпоставам дека еден ден кога на оној свет ќе замина мама Есма, нејзините роднини, ќе не тргнат нас настрана, бидејќи не сме роднини и не носиме нивно презиме и спротивно на нејзините желби ќе ја погребат според муслиманската традиција. Не верував и дека ќе се мачам со правни моменти и  ќе немаме право ниту посмртно да ја почитуваме и да го направам посмртниот помен за неа, вели  Атанасов за Судство.мк.

Целиот текст можете да го причитате ТУКА.