Имате само неколку дена пред свадба, што треба да правите

Имате уште малку време до свадбата, а веќе сте преморени од обврските околу организацијата. Ви препорачуваме да прочитате како да се релаксирате и да бидете свежи пред “Големиот Ден”.

Затоа  не чекајте една недела пред свадбата за да се погрижите за изгледот на вашето лице, кожата и телото.

Иако имате премногу обврски одвојте само 5 часа вкупно! Тоа ќе биде повеќе од доволно.<
На козметичар за дополнителна нега на кожата

Закажете третман на лице, а потоа и дома негувајте ја кожата со маски и хидратирачки креми по препорака на козметичарот, за кожата да ви изгледа негувана, еластична и нежна. Навечер намачкајте го пределот под очите со некој вид масло: Арганово или кокосово. Воедно користете и висок заштитен фактор во текот на денот, затоа што кожата побрзо старее при долго изложување на сонце.

Педикир за лесни и уредни стапала<

<Посетете педикир и средете ги стапалата. Хидратацијата и убаво одбраната боја лак (или гел лак) е основна за убавиот изглед на стапалата особено кога носите обувки со отворени прсти и пети. Како што се грижите за вашите дланки , така обрнете внимание и на стапалата.

Масажа !

Размазете се во деновите кога имате обврски со свадбата преку глава. Отидете на масажа на цело тело, со етерични масла или ароматерапија, за опуштање на сите сетила. Ова можете да го организирате заедно со некоја ваша блиска пријателка, и да уживате во вашето малку време заедно.

Закажете шминка со време

Во периодот на свадби (пролет и лето) познатите шминкери се пребукирани, па затоа со време закажете си термин за невестинска шминка. Мал совет: Не претерувајте со премногу пудра и прејака шминка. Дозволете оние кои се стручни и добри во својата работа да ве нашминкаат како што најдобро ви прилега на ликот.

Совет плус : Не претерувајте со боичките за исцртување на веѓи !