Се е потребно за да се стане успешна жена претприемач

Промотивен настан за проектот „WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, Инструмент за претпристапна помош (ИПА).

На овој настан ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за активностите кои ќе ги реализираат организациите спроведувачи, GTF – Иницијативата за одржлив раст од Република Хрватска и Здружението на бизнис жени, a ќе бидат за подобрување на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

Настанот ќе се одржи на 26 април 2018 година (четврток) во хотелот Стоун Бриџ од 10:00 до 13:00 часот, по што ќе следи коктел и неформален дел.

Говорник на промотивниот настан за проектот “WE MAKE: Женско претприемништво за конкурентност” ќе биде и сопственичката на Рептил маркети, г-ѓа Даница Личанин-Блажевска.

Во нејзиниот говор ќе објасни што се е потребно за да се стане успешна жена претприемачка и ќе ги поттикне сите жени кои сакаат да започнат свој бизнис да го реализираат својот сон, преземат акција и да станат успешни во бизнисот.

Втор говорник на настанот ќе биде Г-ѓа Катерина Ангеловска, тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор .

Како жена претприемач, со својот говор ќе ги мотивира и другите жени и млади девојки да работат на својот личен развој, да креираат нови бизниси и да станат успешни жени претприемачки.