Ана Бучевиќ доаѓа во Скопје

Издавачката куќа „Антолог“ ве поканува на семинарот „Станете свесен креатор“, на кој ексклузивно за првпат во Македонија гостува Ана Бучевиќ, најдобрата, најпопуларната, највлијателната и најчитаната мотивациска говорничка и авторка на просторите на поранешна Југославија. Семинарот ќе се одржи на 12. 5. 2018 година, со почеток во 9 часот, во хотелот „Холидеј ин“.

Ана Бучевиќ почнала активно да работи како мотивациски говорник во 2012 година со цел да ја подигне свеста за дејството на Законот на привлекувањето врз животот на поединците, т.е. да ги потсети луѓето на нивната способност за креирање на сопствениот живот. Досега одржала преку 30 семинари во целиот регион и мотивиралa илјадници луѓе, кои најдобро сведочат за успешноста на нејзината работа.

Во 2015 година станала и коосновач за Хрватска на академијата „BigU“, меѓународна едукациска онлајн-платформа со најпознатите светски предавачи на подрачјето на деловниот и личниот развој. Активна е и „онлајн“, на каналот „Сафари на духот“ на „Јутујуб“, на кој речиси секојдневно објавува мотивациски видеа. Каналот во моментов брои преку 17 милиони прегледи.

Котизацијата за учество на семинарот изнесува 4 000 денари. Бројот на учесници е ограничен, сите заинтересирани треба да направат резервација на сајтот seminar.antolog.mk, а билетите за учество може да се купат и во книжарница „Антолог“ на ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 (веднаш до Гимназијата „Јосип Броз Тито“) или по банкарски пат.

Досега во издание на „Антолог“ се објавени три книги од Ана Бучевиќ: „Сафари на духот – книга за мудроста на воспитувањето деца“, „Во вортексот на остварените желби“ и „Што (не) е љубов“, а овој семинар е ексклузивна можност за читателите во Македонија лично да присуствуваат на семинарот за кој на целиот Балкан.

Што се случува на нејзините семинари што можеме да очекуваме?

-Нејзино основно мото е секој човек е сам креатор на својот живот , само што некои тоа го прават свесно некои несвесно. Токму од тука доаѓа и насловот на самиот семинар „Станете свесен креатор на својот живот“. Ана сак да им помогне на луѓето дека ако вистински сакаат можат се да имаат, да ги реализираат сите свои планови и желби, да се изборат со своите предизвици , но сето тоа не може да се случи да 5 минути, треба многу работа на себе и упорност. Инспирацијата на Ана за своите книги и семинари доаѓа од вистински стории на луѓе со кои работи. Сите оние кои работеле со нејзе имаат позитивни резултати сите успеале да ги променат своите животи и да ги остварат своите цели и амбиции.

Дали во последно време има стварно толку голема потреба од вакви мотивациски книги и кај нас, некако во последно време мотовациските говорници постигнуваат вистински бум. – издавчката куќа Антолог ги има откупено правата официјално за издавање на сите книги на Ана Бучевич и на нејзината сестра близначка Нада Бучевиќ. Нада е мотивациски говорник која повеќе работи со деца. Нада се има посветено на децата и преку нивниот јазик се обидува да го пренесе сето тоа кај децата уште од најмала воздраст. Они две многу соработуваат и заедно ја имаат создадено програмата Сафари на духот.