Дали моето аутистично дете треба да посетува редовно училиште?

Јавните училишта се обврзани да обезбедат бесплатно образование за сите деца, а денес се
повеќе деца со аутизам одат во редовните училишта.
Но, дали редовното училиште може да обезбеди соодветни образовни и социјални услови за
вашето дете со аутизам ?
Дали може да обезбеди соодветен амбиент и да обезбеди соодветна образовна програма?
Дали редовното училиште ќе биде добро место за вашето дете?
Одговорот е едноставен: тоа зависи од вашето дете, подготвеноста на училиштето, вашите очекувања и вашиот буџет.

Како редовните училишта ги учат децата со аутизам?

Во зависност од потребите и способностите на вашето дете, истото може да биде дел од:
1. Типична јавна училишна училница без посебна поддршка
2. Типична јавна училишна училница со поддршка (1: 1 и / или адаптации)
Ако вашето дете е академски способно, тој ќе ја следи истата наставна програма како и неговите типични врсници. Ако има умерени интелектуални можности, проблеми со учење или внимание, наставата ќе се одвива во “побавни“; чекори. Ако има потешки симптоми, неговата програма може да се состои речиси целосно во корист на однесувањето воспитно, а не академско образование.

Што е добро во редовното училиште за деца со аутизам ?

Постојат големи предности за редовното образование кај детето со аутистичкиот спектар. Како прво редовното училиште е задолжително и бесплатно. Вашето дете со аутизам мора да добие бесплатно и соодветно образование. Ова значи дека вашето дете мора да добие вистинска поддршка за да биде барем делумно успешен во типичен амбиент каде што може да се справи со сите предизвици и околности.
Секое дете со аутизам во редовното училиште (дури и во раната интервенција) мора да има
индивидуален образовен план (ИОП). Во него, наставникот и неговиот “тим“; од областа ги изложуваат целите на вашето дете, посебните потреби и реперите за мерење на напредокот. Ако вашето дете не се движи напред, вие или вашите членови на тимот можат да свикаат состаноци за да одлучат што понатаму ќе сторат.

Од социјален аспект, редовното училиште е одличен начин за поврзување со нови пријатели,
други родители и училишната заедница во целина.

Што не е добро за дете со аутизам во редовните училишта?

Горенаведениот опис на редовно училиште може да звучи како одлична можност.

Но, се разбира, ништо не е толку добро како што звучи. Вистината е, како што ќе слушнете од секој администратор на училиштето, во пракса тоа значи дека вашето дете со аутизам најверојатно ќе добие соодветно образование врз основа на нечија визија за тоа каков е неговиот став и гледичте кон ова прашање, а не како реално треба да биде.
Во некои случаи, она што навистина изгледа како соодветна образовна програма навистина не е.
Дете со големи сензорни проблеми и проблеми во однесувањето никогаш нема да успее во
мејнстрим“ амбиент. Дете со високо-функционален аутизам нема да созрева во училница со деца од неговата возраст, затоа што ќе има други гледишта и други перспективи.
Во оние прилично екстремни случаи, често е можно да се постави случај за промена и
осамостојување или преку тутор или медијатор. Често, окрузите во училиштата ќе го видат
проблемот и ќе направат промени врз основа на индивидуалните потреби на вашето дете.
Можеби не ви се допаѓа програмата за поддршка на аутизмот понудена од повисоките структури.
И тогаш потребно е да се внесе програма ABA (Applied Behavioral Analysis), PECS методата или да се претпочитаат развојни терапии, но дали училиштето е спремно да ги примени. Секоја училница која има дете со аутизам треба да биде комплетна со сетилни интеграциони објекти, но дали тоа го има во редовните училишта.
Децата со аутизам се често цели за малтретирање од страна на другите деца во училиштата. Тие се однесуваат, се движат и звучат поинаку од нивните врсници – и често им недо-стасуваат вербални и социјални вештини за да застанат за себе. Тоа ги привлекува остана-тите соученици и не секогаш реагираат добро кон децата со аутизам. Ваквите непријатни ситуациии предизвикуваат вознемиреност, вик, агресија од страна на децата со аутизам и секако несоодветно реагирање.

Автор: Роберта Митревска